Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илјадници граѓани на погребот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Илјадници граѓани на погребот во Кочани
ХРОНИКА

Илјадници граѓани на погребот во Кочани

Објавено March 20, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро.

Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи.

Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани… На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот го следеа медиумски екипи од земјата и од странство.

Во Скопје денеска беа погребани членови на бендот ДНК кои починаа од пожарот. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица. Во Штип се погребани Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов, кои исто така беа дел од бендот.

Од загинатите во пожарот се простуваат и последна чест им одаваат и граѓани од целата земја. Во главниот град и денеска граѓани на плоштадот палеа свеќи.

Министерството за здравство денеска ги објави имињата на сите 59 загинати во пожарот кои се на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата наутро загинаа 59 лица, а над 170 се повредени. Животот го загубија Алексова Стефанија 2004, Џамов Јорданчо 1993, Трајчев Иван 2000, Ѓоргиев Џоко 2000, Коларов Александар 1981, Величков Иван 1998, Стојанов Андреј 2000, Антова Ивона 2003, Христовски Павел 2004, Димитријев Диме 1994, Насевски Никола 2007, Богданов Тоше 1994, Тодоровски Тоше 1988, Коцева Ана 2004, Живков Адријан 2000, Петрушов Гордан 2001, Горгиев Игорче 1976, Стевановски Филип 1988, Стојанов Томче 2003, Стоименова Моника 1999, Стојанов Стојанчо 1988, Пројковска Николовска Capa 1977, Шопова Марија 1997, Ивановски Петар 2004, Ѓорѓиев Александар 1991, Марковски Матеј 2007, Закова Бојана 1997, Василков Ѓорѓи 1999, Петров Александар 1999, Минова Драгана 2008, Алексова Capa 2006, Ѓорѓиески Андреја 1982, Ивановски Филип 2008, Јорданова Capa 2007, Стрезоска Марија 2001, Ефремов Александар 1992, Велков Игор 1980, Тасева Стојковска Лепа 1998, Атанасовски Мартин 1996, Алексов Александар 1986, Минов Божидар 2001, Милковска Кети 1999, Златков Томас 2003, Соколова Стефанија 2005, Велков Леонид 2007, Наунова Надица 2007, Јорданов Виктор 2000, Панов Андреј 2000, Иванов Димитар 2008, Стоименов Спиро 1998, Владимиров Јове 1993, Андонов Ице 2003, Тасевски Стефан 1988, Величков Ѓорѓи 1994, Стојанов Александар 1986, Христова Сања 1999, Танески Дамјан 2006, Спасова Моника 1998 и Лазаров Андреј 1999.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неетичко известување од српски медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани
Следна Статија И Дојче банк е во криза, ќе отпушта вработени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри,…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Тројца тинејџери од Скопје украле книги од Државниот архив на Македонија

Лишени од слобода крадци во Скопје кои украле книги во сопственост на Државниот архив на Македонија. Украденото е пронајдено и…

January 6, 2026
ХРОНИКА

Ужас во Битола, 68-годишен беровчанец во хотел силувал 12-годишно девојче

На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С.(68) од Берово со…

September 21, 2025
ХРОНИКА

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот

Снимка каде што се гледа физичка пресметка помеѓу две лица, од кои едното држи секира, беше објавена од случајни минувачи.…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?