Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имале неевидентирана марихуана: Кривична пријава против правно лице и управителот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Имале неевидентирана марихуана: Кривична пријава против правно лице и управителот
ХРОНИКА

Имале неевидентирана марихуана: Кривична пријава против правно лице и управителот

Објавено June 24, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе и против Г.Л. од Свети Николе – одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела по член 95-5 став 1. и член 95-6 с од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

При контрола во правното лице во февруари 2025 година во содејство на полициски службеници од ОВР Свети Николе, Одделението за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Скопје и Министерство за Здравство, било утврдено дека во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги бил констатиран вишок на произведен неевидентиран сув цвет од канабис во количина од 56 килограми.

Исто така, во ќеса покрај сеф-собата за чување на готов производ била пронајдена марихуана, додека во една од халите бил пронајден делумно изгорен сув цвет со нето маса од 254 грама, кои не биле пријавени.

Одговорното лице во правното лице било должно да ги евидентира и пријави сите настанати промени и отстапувања во одгледувањето на канабисот до Министерството за здравство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата донесе итни мерки: Да не се работи на отворено од 11 до 17, флексибилно работно време, климатизирани простории и јавен превоз
Следна Статија „Борбата беше жестока“: Мицкоски за случувањата околу извештајот за Македонија на Вајц

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Туфегџиќ: Зошто по секоја цена се инсистираше Александар да биде дел од оваа постапка?

По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите…

June 25, 2025
ХРОНИКА

Уапсени две лица од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанин пронајден мртов на железничка станица во Италија

Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?