Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имало минимален пораст на цените, покажала анализата на Министерството за економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Имало минимален пораст на цените, покажала анализата на Министерството за економија
ЕКОНОМИЈА

Имало минимален пораст на цените, покажала анализата на Министерството за економија

Објавено April 14, 2026 20:09
Сподели
Сподели

Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува дека во периодот од 1 февруари до 1 април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците.

Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.

-Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните, стои во соопштението од министерството.

Во однос на поединечните категории, како што дополнуваат, кај основните прехранбени производи е забележан благ пораст од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај кисело млеко, сирење, јајца и масло. Кај безалкохолните пијалоци е евидентиран пад од 1,01%, кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86%, и покрај растот кај доматите и кромидот, а кај основните хигиенски производи е забележан пораст од 1,42%.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД испратија 12 брода, 100 авиони и повеќе од 10.000 војници на блокадата кај Ормутскиот теснец
Следна Статија Редок јагуар повторно забележан во планините на Хондурас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што…

October 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Netflix го купува Warner Bros за 72 милијарди долари

Стриминг платформата „Нетфликс“ (Netflix) потпиша договор со американскиот филмски и телевизиски конгломерат „Ворнер Брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) за купување…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од понеделник можно е ново намалување на акцизите за горивата

Нема да банкротираме, опозицијата ќе гледа како се реализираат капитални проекти, кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на Општина…

July 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите коишто се на списокот што го објави Министерството за транспорт и врски за…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?