Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина во објава на Фејсбук реагираше за несобирањето на отпадот низ Скопје и која точно порака треба да ја сфатиме со ваквиот потег.
„Која точно порака треба да ја сфатиме од несобирањето на ѓубрето еве нека кажат, ќе речеме сме ја сфатиле и нека го соберат. Не разбирам што треба да сфатам? Да не зимаат институциите пари од нас редовно, не е тоа, ги плаќаме. Да немаат механизација, не верувам, како имаа до пред избори? Еве што е точно пораката? Манифестација на моќ нешто? Што? Кај мене у маало ѓубрето стигна на пола метар од пиљарата. Што е поентата, да се развијат болештини од нечистотии? Да излезат змии и глувци? Не еве, некој нека ми објасни, што точно треба да сфатиме од ова и за што точно сме казнети што не ни собираат ѓубре?“ прашува Ина.