Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште в недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште в недела
МАКЕДОНИЈА

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште в недела

Објавено October 17, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните прв човек на локалната самоуправа ќе добијат уште следната недела. Локалните избори за 80 општини и Градот Скопје се закажани за в недела на 19 октомври.

По двајца кандидати за градоначалници има во Богданци каде изборно соочување ќе имаат Блаже Шапов поддржан од коалицијата на СДСМ и Мајран Пеев ВМРО-ДПМНЕ, во Боговиње – Фети Анази од Влен и Бесник Емши од НАИ, во Босилово Мариче Кармазичева од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО -ДПМНЕ, Валандово – Перо Костадинов од СДСМ и Ѓоко Камчев ВМРО-ДПМНЕ, Василево Славе Андонов ВМРО-ДПМНЕ и Ванчо Новоселски од СДСМ, Врапчиште Мехмет Сефери од Вреди и Исен Шабани од ДУИ, Градско Киро Нацков од ВМРО ДПМНЕ и Драгослав Симоновиќ од СДСМ, Делчево Иван Гоцевски од ВМРО‑ДПМНЕ и Дејан Глинџарски поддржан и од СДСМ, Желино Бјлердим Сејдиу од Вреди и Емир Сулејмани НАИ, Зрновци Ванчо Митев од СДСМ и Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ, Карбинци Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубица Соколовска СДСМ, Кратово Влатко Спировски СДСМ и Тодорче Николовски ВМРО-ДПМНЕ, Крива Паланка Сашко Митовски СДСМ и Оливер Алексовски ВМРО-ДПМНЕ, Кривогаштани Игор Каравилоски СДСМ и Сашо Граороски ВМРО-ДПМНЕ, Липково Неџмедин Садики Вреди и Еркан Арифи НАИ, Маврово и Ростуше Анес Ахмети СДСМ и Онер Јакупоски ВМРО-ДПМНЕ, Ново Село Ѓорѓе Божинов ВМРО-ДПМНЕ, Петровец Борче Митовски ВМРО-ДПМНЕ и Елизабета Зелениковска од СДСМ, Пласница Елсан Нурчески Демократска партија на Турците и Алија Јаоски НАИ, Теарце Назим Таипи од НАИ и Даут Мемиши од Вреди и во Штип се Иван Јорданов од ВМРО‑ДПМНЕ и Павел Иванов од СДСМ.

Повикувајќи се на изборни анкети и математики, некои експерти и медуими сметаат дека и во други општини би можело изборите да завршат уште во првиот круг односно да биде избран градоначалник. Советници се бираат во првиот круг освен онаму каде што ќе има повторување на гласовите.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Советници се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Д’Хондтовата формула. Според формулата, вкупниот број гласови добиен за предложените кандидатски листи се дели со низот на делители 1,2,3… сè до бројот на членовите на советот кои се избираат во конкретната општина. Вака добиените количници се редат по големина, при што се земаат предвид оние најголеми количници колку што се избираат членови во советот. Една листа на кандидати добива онолку членови во советот колку што има најголеми количници од оние кои се земени предвид.

Кампањата за вториот круг од изборите започнува веднаш во понедленик на 20 октомври и завршува на 30 октомври на полноќ, а вториот круг на изборите е на 2 ноември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стаменкоска Трајкоска: Имам 3 приоритети за Кисела Вода – граѓаните, бизнис заедницата и администрацијата и за нив имаме програма
Следна Статија Јамал е меѓу 10-те најплатени во светот, листата ја предводи Роналдо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година – Денеска е Свети Игнатиј

Денеска, на 2 јануари, се празнува „Свети Игнат“, ден кој во народното верување има посебно значење. Се смета дека од…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Струга Ќура ќе го продава службеното возило на Мерко, а најави откази на сите што не одат на работа

Новиот градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, денеска официјално ја презеде функцијата од Рамиз Мерко, по што најави серија одлуки…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски запрашан од страна на ноивинарите во однос на училишната кошничка денеска истакна дека дека…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бизнис – рестарт на Мијалкови, сакаат да се вратат на познат терен, во две големи производствени компании

Мијалкови преку компанијата "Бест Веј Инвестмент" сакаат да го вратат сопствеништвото врз "Софија градба"- компанија која е најголем акционер во…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?