Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување

Објавено February 17, 2025 12:15
Сподели
Сподели

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оценува дека во Македонија постои оправдана разочараност од односот на ЕУ во поглед на нејзиното интегрирање.

На прашањето какви гаранции би можел да бара премиерот Мицкоски од Софија, Брисел и од Вашингтон во однос на евроинтегртацијата, Милошоски нагласи дека не е само како ќе се започне процесот на преговори туку многу се битни крајот и целта на тој процес.

„Превземената обврска на претходната влада, доколку има можност да се менаџира, би било рационално истата да се менаџира со предвидливост на патот до конечната цел а тоа се европските интеграции. Во Македонија постои реално оправдана разочараност од односот на ЕУ. Веќе еднаш имавме уставни измени за името, и лошите искуства се доволно силни аргументи, Македонија со право да побара одредена извесност за патот кон ЕУ, бидејќи гледаме дека ЕУ не говори со еден глас. Нема сериозна визија за Западниот Балкан и времетраењето на зачленувањето и проширувањето на овие земји“.

Според него би било наивно, како што рече, да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување.

„Македонија неколкупати има направено уставни измени а ЕУ ветувала дека тие ќе ја приближат Македонија кон преговорите за членство, но очигледно е дека не ги исполнила своите ветувања. Сметам дека одложеното дејство е рационален аргумент кој би можел да биде поттик за Македонија да се интегрира, Бугарија да не блокира а ЕУ да го менаџира тој процес до конечната цел“.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека ЕУ во последните десет години нема сериозна визија за проширувањето. Тоа, како што истакнува, стана фраза која често се повторува а на дело нема сериозни геополитички одлуки што би значеле проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Потсетувајќи на изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос во однос на зајакнувањето на процесот на проширување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, Милошоски додаде: „Ако ја гледате нејзината изјава внимателно, таа спомна дека би можеле една, две или три членки да бидат завршени со преговорите, но не спомна дека тие би можеле да станат полноправни земји членки на ЕУ , што е индикатор дека во самата ЕУ нема консензус за тоа дали, кога и до кое ниво ќе се случи следното проширување и дали воопшто ќе има нови полноправни членки“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет загинати
Следна Статија Косово ли е, Шапка ли е? (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До 14 часот не излегувајте со автомобил: Сообраќаен режим во Скопје поради 21. Виз Ер Скопски маратон

Поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, што се одржува денеска, а на кој ќе учествуваат рекордни над…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗОО Скопје: Нема простор за паника во врска со појавата на животинска туберкулоза кај поединечни животни

Зоолошка градина Скопје ја информира јавноста дека нема простор за паника во врска со неодамнешните информации за појава на животинска…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во несреќа во Нови Сад. -Со длабока тага ја примив…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Навремено достапни учебници, над 1.000 образовни асистенти, 36 капитални инвестиции

Негрижата за образованието што постоеше до јуни ја заменивме со 100-процентна посветеност и во стоте дена отпочнавме крупни промени за…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?