Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија

Објавено July 21, 2026 08:36
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.

По церемонија во Кабинетот на претседателката, ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките.

Индиската претседателка пристигна во Скопје синоќа, а на Скопскиот аеродром ја пречека шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

– Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји, напиша Муцунски на Фејсбук.

Предвидено е претседателката на Република Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Индиската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе има обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент.

Попладне ќе се одржи македонско-индиски бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателот во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на бизнис форумот, на којшто ќе се обратат претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму, ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјава.

На вториот ден од официјалната посета, претседателките ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.

Поради посетата на претседателката Мурму, во поширокото централно подрачје на Скопје ќе се применува посебен режим на сообраќај.  СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена
Следна Статија Леброн блиску до Филаделфија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Германија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ, вели Вадефул

Тука во Скопје перспективите на идното пристапување во ЕУ се голема тема. Германија ја поддржува Македонија на овој пат, којшто…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Јас можам да биде сè само не анти-Албанец, политичарите сакаат квази-правна држава

Сакам граѓаните да знаат дека политичарите многу често манипулираат и лажат со многу наши одлуки и тоа безобзирно. Оваа одлука,…

June 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, вели министерката Весна Јаневска

Министерството за образование и наука им го честита Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите и на сите…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра?!

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?