Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори

Објавено April 5, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на состанокот на шефови на држави и влади „Акаба Процес Балканот III” во Софија, оствари средба со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Сиљановска-Давкова ја реафирмираше заложбата за унапредување на вредностите на дијалогот, почитувањето на културната разноликост и регионалната соработка како неопходни предуслови за стабилна и просперитетна Европа.

Во разговорот, беше потврдена блискоста меѓу двете земји, токму во година кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Претседателката нагласувајќи ја симболиката и значењето на оваа годишнина како поттик за натамошно продлабочување на билатералната соработка, упати покана до кралот Абдула Втори за посета на нашата држава.

Обајцата се согласија за важноста од продлабочување на културната и образовната размена, како и за интензивирање на соработката во областа на стабилизацијата на регионот на Блискиот Исток.

Претседателката изрази длабоко почитување за дипломатските напори на Јордан во постигнувањето на мировниот договор меѓу Израел и Хамас, притоа потенцирајќи ја улогата на Хашемитското Кралство како столб на стабилност и разум.

На крајот, таа ја нагласи потребата од темелна реформа на Обединетите Нации, организација којашто, според неа, мора да ја врати својата првична мисија и да има примарна улога во изнаоѓањето мировни решенија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американска мечувалка одби да се натпреварува против трансродова противничка (ВИДЕО)
Следна Статија Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Државниот обвинител Савески го почнува мандатот

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска треба да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Савески ќе…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пример за едноставност и нормалност: Мицкоски со комерцијален лет отпатува за Истанбул, шпанскиот амбасадор воодушевен од скромноста на премиерот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска отпатува во посета на Република Турција. Мицкоски ќе има средба со…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица

Претставници на Здружението Хема-онко вчера оствариле средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Состанокот бил планиран пред актуелните случувања на…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Националната ИКТ стратегија е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата

Денес го означуваме почетокот на изработката на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој– Националната ИКТ стратегија. Националната ИКТ стратегија…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?