Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија
СПОРТ

Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

Објавено April 5, 2025 10:58
Сподели
Сподели

Четврти пат по ред, Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на патеката Сузука, на трката за Големата награда на Јапонија.

Актуелниот светски првак до првата пол-позиција сезонава, дојде со совршен круг, најбрз во историјата на Сузука 1:26.983 минути. Ферстапен ја прекина доминацијата на Мекларен во квалификациите на претходните две трки, во Австралија и Кина.

Холанѓанецот за 12 илјадити делови од секундата го победи Ландо Норис од Мекларен, а од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри беше побрз за 44 илјадити делови од секундата.

Шарл Леклер со своето Ферари ќе стартува од четвртото место, тој за 20 илјадити делови од секундата беше побрз од возачот на Мерцедес Џорџ Расел кој ќе стартува од петтото место. Тинејџерот, Андреа Кими Антонели трката ќе ја започне до тимскиот колега Расел.

Пласман во првите десет на стартот изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон кој уште еднаш разочра во болидот на Ферари, Алекс Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хас).

Трката за Големата награда на Јапонија, в недела ќе започне во седум часот по средноевропско време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори
Следна Статија МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки – веднаш да пријават во полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Нејмар фудбалот го замени со покер

Фудбалерот на Сантос и бразилски репрезентативец, Нејмар, не отпатува со тимот во Каракас за гостувањето во натпреварот од осминафиналето на…

July 23, 2026
СПОРТ

(ВИДЕО) Сцена за паметење: Новак долго го гушкаше Надал, последен поздрав на двајцата најголеми играчи на теренот

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал во мечот за третото место на егзибицијата во Ријад.…

October 19, 2024
СПОРТ

Србија ја преживеа битката во Албанија

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното…

June 7, 2025
СПОРТ

ФИБА отвори истрага против кошаркарската федерација за навивањето во Куманово

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?