Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки – веднаш да пријават во полиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки – веднаш да пријават во полиција
ХРОНИКА

МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки – веднаш да пријават во полиција

Објавено April 5, 2025 11:07
Сподели
Сподели

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица, информираат од МВР.

„Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија
Следна Статија Ефектот Трамп – Американската берза изгуби повеќе од три трилиони долари за еден ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пијан скопјанец ја натепал својата 15-годишна ќерка

Лишен од слобода насилник од скопско кој физички ја нападнал малолетната ќерка. Како што информираат од МВР, вчера во 06:00…

March 6, 2026
ХРОНИКА

Тошковски: Новогодишната ноќ генерално помина мирно, 29 кривични дела, приведени 33 лица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и…

January 1, 2025
ХРОНИКА

Штипјанецот кој ја уби мајка си имал 2,43 промили алкохол, ја прободел со ловечки нож во вратот

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело…

August 8, 2025
ХРОНИКА

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?