Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

- Advertisement -

Индиската влада го обвини Пакистан за „повеќекратно прекршување“ на прекинот на огнот објавен денеска, по четиридневните воени судири меѓу земјите.

„Во последните часови имаше повеќекратно прекршување на договорот. Вооружените сили одговорија на овие прекршувања на соодветен начин. Го повикуваме Пакистан да преземе соодветни чекори за справување со овие прекршувања и сериозно и одговорно да пристапи кон ситуацијата“, изјави главниот секретар на индиското Министерство за надворешни работи, Викрам Мисри.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изрази поддршка за напорите за склучување прекин на огнот меѓу двете соседни земји и изрази подготвеност „да има конструктивна улога“ во овој процес. Тој ја даде оваа изјава во разговор со својот пакистански колега Ишак Дар

Сподели ја оваа статија