Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Индустриското производство во јули зголемено за 4.1 процент на годишно ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Индустриското производство во јули зголемено за 4.1 процент на годишно ниво
ЕКОНОМИЈА

Индустриското производство во јули зголемено за 4.1 процент на годишно ниво

Објавено August 29, 2025 17:33
Сподели
Сподели

Индустриското производство во јули годинава е зголемено за 4,1 проценти во однос на јули лани, а за три проценти во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државен завод за статистика.

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, имаат одделите за производство на електрична опрема со 15.3 проценти, на машини и уреди, неспоменати на друго место со 4,6 проценти и на моторни возила, приколки и полуприколки со 26.5 проценти.

Во секторот Преработувачка индустрија, индустриското производство бележи пораст од 7 проценти, а опаѓање во Рударство и вадење на камен опаѓање од 10.4 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 7.5 проценти.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите:
– Производство на тутунски производи,
– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на други неметални минерални производи,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место,
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.5 проценти, Капитални производи за 18.6 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стапките на депозитите со благ раст, каматите на кредитите опаѓале и во јули
Следна Статија Првпат по десет години, три милиони невработени во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност

Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

За 10 денари повисоки цените на цигарите

Некои од најпопуларните брендови на цигари, вклучувајќи ги Родео, Бос, Давидов и Вест, од вчера имаат повисоки цени, односно се…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

„Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кафето во Европа поевтини по долгиот раст на цените

По долг период на силен раст, цените на кафето во Германија регистрираа мал пад. Големите малопродажни синџири, вклучувајќи ги Лидл,…

October 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?