Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инженери на Македонија бараат Уставниот суд да ја процени законитоста на паушалните сметки за струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инженери на Македонија бараат Уставниот суд да ја процени законитоста на паушалните сметки за струја
ЕКОНОМИЈА

Инженери на Македонија бараат Уставниот суд да ја процени законитоста на паушалните сметки за струја

Објавено August 18, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото.

Во фактурите на ЕВН востановена е графа „Начин на кој е прочитано броилото: О = Отчитано; М = Проценета состојба“, со што на потрошувачите им се фактурира струја според проценки наместо според фактичка потрошувачка. Ова, претставува спротивставување на законот, правна несигурност и ризик граѓаните неправедно да бидат исклучени од мрежата како должници.

Со овој потег, преземен е финален чекор во справувањето со самоволието на ЕВН и од Уставниот суд се бара да се стави крај на праксата на паушално фактурирање. Како прилог до јавноста и институциите е доставен линк до целокупниот текст на иницијативата, се наведува во соопштението од ИНРМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Поплави во Љубојно по силното невреме: мештаните алармираат за сечата на шумите
Следна Статија Објавени импресивни снимки од Москва: Како 50.000 квадратни метри асфалт на пат беа заменети за 24 часа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, состојбата излегува од контрола

Состојбата апсолутно излегува од контрола, напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук, поради серијата пожари кои ја потресуваат државата…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Царинската управа почна опсежни истраги на увози на автомобили од 2022 до 2024 година

Царинската управа започна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година. Притоа во период од година ипол,…

March 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со Тим Рид: Следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од утре во Битола продажба на државни комерцијални станови, метар квадратен ќе чини 1.000 евра

Од утре (понеделник) ќе започне продажба на државни комерцијални станови каде метар квадратен ќе чини илјада евра. Како што викендов…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?