Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Поплави во Љубојно по силното невреме: мештаните алармираат за сечата на шумите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (Видео) Поплави во Љубојно по силното невреме: мештаните алармираат за сечата на шумите
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Поплави во Љубојно по силното невреме: мештаните алармираат за сечата на шумите

Објавено August 18, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Силно невреме вчера го зафати преспанското село Љубојно. Поплавени се делови од куќи, дворови и улици, а дополнително е оштетен и земјениот пат што води кон шумата.

Contents
  • Протести против сечата
  • Реакција од Владата

Жителите раскажуваат дека дождот траел околу 40 минути – од нив половина час со интензивни врнежи и околу 20 минути со крупен град. Водата го раскопала патот, кој, според мештаните, веќе бил ослабен од камионите што секојдневно превезуваат дрва.

„Денес и природата си го кажа своето – шумата е нашиот најсилен штит. Таа го спаси Љубојно. Ако не се преиспитаат одлуките за сеча, утре може да биде доцна – за нас, за Преспа, за Македонија“, напишаа мештаните на социјалните мрежи.

Протести против сечата

Жителите веќе една недела протестираат за да ја запрат сечата кај манастирот над селото. Тие предупредуваат дека токму шумата е природна заштита од поплави и ерозии, и оти без неа ваквите невремиња би имале уште потешки последици.

Реакција од Владата

Од Владата, пак, објаснуваат дека станува збор за регуларна сеча на нискостеблен даб во одделите 29 и 30 на шумско-стопанската единица „Пелистер – Брајчино“.

„Дабот има сечна зрелост согласно научните принципи. Сечата е спроведена по закон, со премер од стручни лица, план рецензиран од комисија и одобрен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова е една од стотиците планирани сечи низ државата“, соопштија од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди, велат од ЈСП Скопје по реакциите дека била небезбедна
Следна Статија Инженери на Македонија бараат Уставниот суд да ја процени законитоста на паушалните сметки за струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Миноски: Морална вертикала

Во општество каде што честа и доследноста се сметаат за слабост, а цинизмот и полтронството за билет до јавната сцена…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат…

October 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките во Македонија. Според…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Не можам да се заљубам во некој што не ме сака, вели Грчева за непристапувањето на Македонија во ЕУ и бугарските условувања

Експратеничката Солза Грчева не би правела никакви отстапки.во однос на позицијата на Македонија за влез во Европа и бугарските условувања.…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?