Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво

Објавено September 9, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4 проценти, а цените на мало за 4.1 процент. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трошоците за храна во август 2025 во споредба со август 2024 година с еповисоки за 6,2 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Ресторани и хотели за 2.1 процент, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0.6 проценти, Рекреација и култура за 0.3 проценти и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.

Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3.1 процент, Облека и обувки за 0.6 проценти, Здравје и Образование за 0.1 процент

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во август во однос на јули годинава се намалени за 0,7 отсто.

Како што објави претходно ДЗС, месечната инфлација во јули годинава беше зголемена за 1,1 отсто, а годишната за 4,8 отсто, а во јуни годинава за 0,8 отсто за месечно, а за 4,5 проценти на годишно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мардок го реши спорот со децата: Тројца добија по 1,1 милијарда долари, синот ја контролира медиумската империја
Следна Статија Од полноќ поскапуваат горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра

Долгот на граѓаните кај банките во јануари порасна на 250,1 милиони денари или повеќе од 4 милијарди евра. Овој долг…

February 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кушнер, Аполо и богатиот татко предводат непријателска понуда за Warner Bros.

Зетот на американскиот претседател, еден од најголемите алтернативни менаџери на имот и извршниот директор чиј татко кратко поседувал богатство поголе

December 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Комерцијална банка со намалена добивка во третиот квартал

Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01. до 30.09.2025 година оствари позитивен финансиски резултат од 4.250,1 милион денари, што…

November 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност

Заради зачувување на финансиската стабилност и ликвиност, еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година,…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?