Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
БАЛКАН

Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав

Објавено April 24, 2025 18:36
Сподели
Сподели

Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот, соопшти денеска Основното обвинителство во Панчево, а пренесе регионалната телевизија Н1. Дел од нафтата завршила во заштитната бариера околу шлепот, а потенцијално и во реката Дунав.

Дежурниот обвинител веднаш излегол на местото на инцидентот, каде извршил увид заедно со припадници на полицијата, покраински инспектори за заштита на животната средина, државни инспектори за безбедност во пловидбата и за превоз на опасни материјали, се наведува во соопштението.

Истрагата утврдила дека на 20 април шлепот, сопственост на „Нафтахем“, пристигнал на третиот пристаништен кеј на рафинеријата во Панчево, а на 21 април, во периодот меѓу 7:02 и 7:35 часот, за време на товарењето на нафта, се излеале околу 82.000 литри во заштитната бариера околу шлепот и потенцијално во Дунав.

Институтот за јавно здравје земал мостри од водата во близина на шлепот и на други делови од реката Дунав, со цел да се утврди степенот на загадување. Службата за јавно здравје во Панчево, во соработка со полицијата и надлежните инспекторати, ќе преземе дополнителни мерки и ќе ја утврди причината за еколошкиот инцидент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тренчевска бара оставка од Таравари: Владата и министерот го донесоа здравствениот систем до степен на „тешко болен пациент“
Следна Статија Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Во Белград се одржува голема воена парада на српската армија

Во Белград се одржува воена парада – „Силата на единството“ по повод одбележување на Денот на српското единство, слобода и…

September 20, 2025
БАЛКАН

САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија

Американските санкции против српската нафтена индустрија стапија во сила. Како што објави НИС, на компанијата не ѝ е продолжена посебна…

October 9, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Голем пожар на хрватскиот брег: „Се браниме куќа по куќа“

Голем пожар избувна помеѓу Омиш и Макарска на хрватскиот брег, а пожарникарите велат дека во моментов немаат контрола и дека…

June 21, 2025
БАЛКАН

Еди Рама се скарал со новинари и ги избркал од прес конференција

Меѓународната мрежа Безбедни новинари (SafeJournalists), која ги штити правата на новинаритеизрази загриженост за тоа што се случи на прес-конференцијата на…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?