Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад
СВЕТ

Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад

Објавено June 22, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма.

Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на „АФП“ објавија дека слушнале силни експлозии. Дописникот на „Би-Би-Си“ од Ерусалим, Хуго Бачега, јави дека над градот се слушнале повеќекратни детонации како резултат на активирањето на израелската противвоздушна одбрана.

Something big landed in Tel Aviv this morning pic.twitter.com/Y0914mCaQQ

— COMBATE |🇵🇷 (@upholdreality) June 22, 2025

„Армијата неодамна идентификуваше проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел. Одбранбените системи се активираат за да се пресретне заканата“, објави ИДФ околу 6:30 часот по средноевропско време.

Околу половина час подоцна, армијата објави втор бран проектили, пред да биде укината тревогата. ИДФ ги повика граѓаните веднаш да се засолнат во заштитените подрачја и да останат таму до понатамошно известување.

Според израелските служби за итни случаи, најмалку 11 лица се повредени во нападите.

Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанц и Исфахан – и ги нарече „исклучително успешни“.

Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека Иран го задржува правото на сите форми на самоодбрана и предупреди дека невидените американски напади ќе имаат трајни последици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доаѓа африкански топол бран и пеколни температури до 40 степени
Следна Статија Детали за американскиот напад на Иран: Користеле и подморници, контактирале со Иранците со порака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Конгресменот Макс Алехандро Фрост идентификуван како жртва на расистички напад на забава во Сандденс

На забавата во организација на CAA на Сандденс фестивалот дошло до расистички инцидент во тоалетот, потврдено е за медиумите.

January 26, 2026
СВЕТ

Bild: Крадците на накит од Лувр се обидоа да го продадат пленот на Израелците

Крадците кои упаднаа во Лувр во Париз на 19 октомври и украдоа накит се обидоа да ги продадат украдените предмети…

November 1, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Унгарскиот премиер Маѓар плукнат среде пренос во живо

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска беше плукнат од минувач додека одеше кон прес-конференција посветена на планот за развој на железницата…

July 22, 2026
СВЕТ

Германскиот министер за одбрана им се закани на граѓаните со задолжителен воен рок

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус им се закани на германските граѓани со можно враќање на задолжителната воена служба, која…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?