Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран потврди дека договорот со САД е финализиран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран потврди дека договорот со САД е финализиран
СВЕТ

Иран потврди дека договорот со САД е финализиран

Објавено June 15, 2026 12:24
Сподели
Сподели

Врховниот совет за национална сигурност на Иран објави денеска дека го финализирал договорот со Соединетите Американски Држави, со одобрение на врховниот лидер на земјата Моџтаба Хамнеи, јави ДПА.

Соопштението на Советот со ваква содржина денеска беше објавено од страна на иранската новинска агенција „Тасним“. Преговорите завршија вчеравечер, прецизираа од Советот.

Според соопштението, рамковниот договор предвидува итен прекин на борбените дејства на сите фронтови, вклучително и во Либан. Документот, исто така, повикува на итно и целосно укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади, изјави дека обврските на Иран според договорот ќе стапат во сила дури по официјалното потпишување на документот во петок.

Врховниот совет за национална сигурност на Иран е највисокиот орган за носење управни одлуки во државата и е подреден единствено на иранскиот врховен лидер.

Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во одделни телефонски разговори со своите колеги од Турција, Ирак и Египет истакна дека израелските напади врз Либан мора целосно да запрат и дека САД ја носат одговорноста за спроведување на рамковниот договор за прекин на војната. Ова беше објавено на официјалниот канал на Арагчи на платформата Телеграм.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп го прослави 80. роденден со УФЦ борби во Белата куќа
Следна Статија Законот што треба да го замени „балансерот“ пред пратениците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе

Бројот на загинати луѓе во поплавите, што ја погодија американската сојузна држава Тексас на 4 јули, се искачи на 51,…

July 6, 2025
СВЕТ

(Видео) Кимел во солзи: Не сакав да се шегувам за убиството на Чарли Кирк

Џими Кимел се врати на малите екрани за својата прва емисија откако беше суспендиран минатата недела поради коментари за атентатот…

September 24, 2025
СВЕТ

Ројтерс: Путин подготвен да разговара со Трамп за крајот на војната. Кои се руските услови?

Владимир Путин е подготвен да разговара за договорот за прекин на огнот во Украина со Доналд Трамп, но ја отфрла…

November 20, 2024
СВЕТ

Политичар во Јужна Кореја осуден за лажење

Јужнокорејскиот суд во петокот го осуди лидерот на главната опозициска партија Ли Јае-Мјунг под обвинение за кршење на изборниот закон,…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?