Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата
СВЕТ

Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата

Објавено November 13, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Шпанската полиција го уапси поранешниот висок полицаец Оскар Санчез Гил кога во ѕидовите и таваните на неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра.

Полицијата ги пронашла парите при рација во неговата куќа во градот Алкала де Енарес, кој се наоѓа на 30 километри источно од Мадрид, објави „Гардијан“.

Исто така, во канцелариј0ата на Санчез Гил биле пронајдени милион евра скриени во два заклучени плакара, во банкноти од 50 до 500 евра. Санчез Гил и неговата партнерка се обвинети за трговија со дрога, перење пари, корупција и членство во криминална организација.

По појавувањето на судот во Мадрид минатата недела, на двајцата им беше одреден притвор. Санчез Гил, кој до неодамна беше началник на одделот за борба против измами и перење пари на шпанската полиција во Мадрид, беше уапсен заедно со уште 15 лица, меѓу кои и неговата партнерка, која исто така е полицаец во Мадрид.

Истрагата е поврзана со заплената на 13 тони кокаин, кој беше запленет минатиот месец во пристаништето Алгесирас на југот на Шпанија.

Кокаинот, кој бил скриен во кутии со банани, пристигнал од Гвајакил, најголемиот град во Еквадор, кој е познат како центар на трговијата со дрога.

Според информациите од истрагата, Санчез Гил бил под сомнеж од неговите колеги, кои го прислушувале неговиот телефон.

Официјални извори наведуваат дека тој бил осомничен дека најмалку пет години работел за дилери на дрога и дека им давал информации за надзор на контејнерите во шпанските пристаништа, што им овозможило да ги избегнат контролите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
Следна Статија Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Бајден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сијарто: Унгарија е во центарот на вниманието на светот, западните лидери се обидуваат да ја изолираат

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ја посетиле сите европски лидери во последните два дена,…

November 9, 2024
СВЕТ

Израел и Иран продолжуваат со нападите, конфликтот влегува во втора недела

Нападите меѓу Израел и Иран продолжија во текот на целата ноќ. Судирите денес влегуваат во втората недела, откако Израел започна…

June 20, 2025
СВЕТ

Маск побара Британија да го ослободи од затвор лидерот на британската крајна десница

Извршниот директор на Платформата Икс, Илон Маск, изјави дека Велика Британија треба да го ослободи од затвор британскиот екстремно десничарски…

January 2, 2025
СВЕТ

Би-Би-Си: Десет причини зошто и Трамп и Харис би можеле да победат

Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?