Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ирена Јовева до пола го поддржа Извештајот на ЕП за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ирена Јовева до пола го поддржа Извештајот на ЕП за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Ирена Јовева до пола го поддржа Извештајот на ЕП за Македонија

Објавено June 17, 2026 18:59
Сподели
Сподели

Европскиот парламент денес го усвои извештајот за напредокот на македонската држава на нејзиниот пат кон Европската Унија. Европратеничката Ирена Јовева го поддржа но не сите делови од текстот., Поточно, таа не поддржа никакви обиди за вклучување на прашањата за идентитетот, јазикот и историските толкувања во извештајот, кој треба да остане фокусиран на реформите, владеењето на правото и европскиот напредок на земјата.

Ви го пракјаме транскриптот од нејзиното образложение за гласање, кое таа кје го даде денес во пленарната сала во Стразбург, како и нејзината дополнителна изјава за контекст и можна употреба во вашите медиуми.

„Овој извештај мора да биде извештај за реформите и европската иднина на македонската држава. Иако, се разбира, не го поддржав целиот текст – зошто на крајот го поддржавизвештајот?, пишува Јовева во соопштението за медиумите.

Затоа што оваа земја не е одговорна за опсесијата на некои со нејзиниот јазик или идентитет. Затоа што Македонците не треба да ја плакјаат цената за политичките фрустрации на другите.

Искрено се прашувам: ако овие “други” секој пат продолжуваат да зборуваат повекје за Македонците отколку за содржината на европскиот напредок на земјава – кој навистина има проблем тука?

Очигледно не Македонците. Туку оние кои не можат ниту да напишат амандман без Македонци, а потоа ја вложуваат целата своја енергија во некакви објаснувања за тоа кој е кој.

Прилично необично хоби за 2026 година, нели? Интерпретација на минатото. Што сме ние, историска академија или Европски парламент? Европската унија е создадена за да можат народите заедно да ја градат иднината, а не за да издава сертификати за постоење на народи. И секако не е созданена на старите национализми да им дава нова, да не кажам модерна европска сцена.

Македонците немаат што да докажуваат. Мегјутоа, после сите овие години, некои други очигледно сè уште имаат. Но, денес, Македонците не се на испит. Европа е.

Според Јовева, задачата на Европскиот парламент во овие извештаи е исклучиво да ги процени реформите и напредокот на земјите-кандидатки за влез во Европската унија, поради што таа ги отфрла поедноставените толкувања на денешното гласање:

„Нема да се согласам ни со наративот дека Бугарија победи денес, ниту со наративот дека Европскиот парламент ја издал македонската држава. Би било грешка денешното гласање ако стане уште една алатка за создавање политички митови, победници и губитници. Ова не е натпревар мегју земјите, а најмалку референдум за постоењето на Македонците. Не е. И оние кои денес зборуваат за големи победи или големи порази всушност помагаат да се одржи спорот од кој политички живеат. Вистинското прашање не е кој победи денес. Вистинското прашање е дали кје имаме храброст да го браниме принципот дека земјите-кандидатки се оценуваат според реформите, објективно, и дали Европа кје остане верна на сопствените вредности. Јас им останувам верна. Затоа, уште еднаш: Македонците денес не беа на тест. Европа е.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пораз на известувачот Вајц: Во извештајот на ЕП за Македонија влезе вториот Протокол на Османи и терминот „заедничка историја“
Следна Статија Скандал на Светското првенство: Фудбалер местел натпревари, па завршил во затвор!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски демантира дека има роднински врски со сопствениците на компанијата…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков за судијата Ристов – скандалот со 350 илјади евра е симбол на огромна системска слабост

Скандалот со пронаоѓањето на 350 илјади евра на апелациониот судија Ѓоко Ристов, го поттикна министерот за правда Игор Филков критички…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема европска иднина без правда: Во Кочани се одржа 42. Марш за ангелите

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците…

May 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Колони на Табановце, се чека по 40 минути за излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци низ државата, надвор од градските средини, денеска е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?