Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По изгласаната недоверба: Се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По изгласаната недоверба: Се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми
МАКЕДОНИЈА

По изгласаната недоверба: Се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми

Објавено March 13, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше изгласана недоверба во Собранието. Заменик министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки.

Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината членови на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата за интерпелациии, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Премиерот Мицкоски вчера во изјава за медиуите рече дека очекува Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми да ги напуштат позициите, затоа што немаат кредибилитет да бидат на тие места.

-Јас очекувам нивна морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, затоа што немаат никаков кредибилитет да бидат на тие места, изјави Мицкоски.

Заменик – министерот за правда Деребан рече дека изгласаната интерпелација значи дека тие немаат легитимитет да земат учество, а уште помалку да одлучуваат во рамки на Советот.

-Судскиот совет мора да ја разгледа оваа интерпелација. Да закаже итна вонредна седница по однос на истото, а од нив очекувам да поднесат неотповикливи оставки. Прво, треба да разјасниме дека тие пет членови не се судии, туку се носители на јавни функции на кои се избрани од Собранието. Собранието согласно Уставот е надлежно да врши надзор над нивната работа. Интерпелацијата  е уставна категорија и вчерашната интерпелација која им беше изгласана на овие пет члена на Судскиот совет избрани од Собранието е многу сериозна работа и мора да биде сфатена сериозно, затоа што со истата се утврдува дека овие пет члена имале значителен придонес во загрозување на независноста на угледот на судството и судската власт, но и значителен придонес за намалување на довербата на граѓаните во судството, рече заменик-министерот.

Според него, каква било квалитетна законска рамка и да имаме, доколку, како што рече, не се почитуваат не може ништо да се спроведе.

– Министерството за правда продолжува со преземање на сите чекори кои значат реформи во правосудниот систем преку донесување на нови законски решенија. Меѓутоа, како што кажав, најважното за правосудниот систем е почитувањето на тие законски решенија од страна на чинители. Не дека претходните законски решенија биле лоши, туку станува збор за селективна примена на Уставот и законите на Република Македонија, рече Деребан.

Во моментов се работи на измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет, формирана е нова работна група и, како што кажа Деребан, очекувa најдоцна до јуни истиот да биде донесен во собраниска процедура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фолксваген е подготвен и за производство на воена опрема
Следна Статија ВАР му поништи пенал на Алварез, Реал се пласираше во четвртфиналето на ЛШ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни

Истрагата за пожарот во Кочани, мора да заврши до средината на идниот месец. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, во интервју…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Израелските лекари за еден ден направиле неверојатни 23 операции врз настраданите од Кочани

Израелските лекари за еден ден направиле 23 операции врз настраданите од Кочани откриваат македонски здравствени работници кои биле дел од…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митески за алармантната состојба со отпадот: Кога безобразноста и дрскоста се присутни – мораме да вратиме со здрав разум!

„ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје под раководство на Данела Арсовска е надлежна за собирање на смет, празнење на контејнерите и чистење…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мајмунчето Мики на кое посетители му украле дел од роденденските подароци

Од Зоолошката градина во Скопје објавија фотографии од реденденот на малото мајмунче Мики, за кое претходно вработен во ЗОО објави…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?