Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Изградбата на брзата пруга стартува на крајот на годинава, сè оди по план
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Изградбата на брзата пруга стартува на крајот на годинава, сè оди по план
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Изградбата на брзата пруга стартува на крајот на годинава, сè оди по план

Објавено July 16, 2026 12:33
Сподели
Сподели

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потврди дека рокот за старт на работите останува  крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски.

– Одлично се одвива подготовката за изградба на Коридор 10.  Изработката на еколошката  студија и студијата за влијание  врз социјалната средина е готова. На почеток на август ќе има јавни презентации, ќе има најмалку четири – во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија  каде што ќе може локалното население да се запознае. Се работи навистина за квалитетен документ од скоро 1600 страници којшто ги опфаќа сите аспекти. После тоа на него се прави ревизија, односно се вклучуваат коментарите на локалното население и согласно договорот којшто го имаме, до 31-ви август оваа работа треба да биде завршена, по што би влегле во конкретизирање и пишување на договорите за финансирање на проектот и за изведба на проектот. Се е според планот како што најавив – изјави Николоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Сериозно се размислува за изградбра на државен дата-центар
Следна Статија ДУИ прием: Каде испарија девет милиони од ЕУ за канализација во Зајас?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1,…

April 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Брза реакција на припадник на АРМ, спречено ширење на голем пожар под Кале

Припадник на Армијата со брза и пожртвувана реакција денеска спречи ширење на пожар и заштити имот на граѓаните. -Денес, околу…

April 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М, вели дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ…

June 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: Договорот со Обединетото Кралство пристигна во Собранието, сè ќе биде јавно и транспарентно

Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство e објавен на веб-страницата на македонското Собрание. Целосниот текст може да се…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?