Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ прием: Каде испарија девет милиони од ЕУ за канализација во Зајас?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ прием: Каде испарија девет милиони од ЕУ за канализација во Зајас?
ПОЛИТИКА

ДУИ прием: Каде испарија девет милиони од ЕУ за канализација во Зајас?

Објавено July 16, 2026 13:47
Сподели
Сподели

Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече Дритон Сулејмани од ВРЕДИ.

Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не се знае ниту кој ги потпишал.Пред две недели поставивме сериозни прашања за овој скандал. Зборувавме за повеќе од девет милиони евра европски средства за кои јавноста сè уште нема одговор каде завршиле, за кривичната пријава на Финансиската полиција, за договорите склучени со домашни компании и за сомнежите дека во целата работа можеби биле вклучени и компании поврзани со семејниот круг на Али Ахмети.

Побаравме да се отвори секој договор, да се провери секоја исплата и да се утврди одговорноста на сите што биле вклучени во овој проект. Сега прашањата не ги поставува само ВРЕДИ. Одговори почна да бара и Европската Унија.

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, соопшти дека ЕУ ја прибира документацијата за овој проект. Затоа веќе не е доволно да се прашуваме само каде завршиле милионите. Јавноста мора да знае и кој го пријавил проектот како завршен, врз основа на кои документи и со какво образложение.

Колку повеќе се чепка во овој скандал, толку повеќе смрди на корупција

ДУИ 24 години ја имаше власта во свои раце. Во Кичево ја водеше Општината три мандати по ред. Токму за време на нивното владеење овој проект, финансиран со пари од Европската Унија, требаше да биде завршен во 2024 година. Но, канализацијата не беше завршена. Сега станува јасно и зошто.

Бараме Јавното обвинителство и Финансиската полиција да ја прошират истрагата до крај и тесно да соработуваат со европските институции.

Почитувани, Ова е вистинското лице на ДУИ. Патриоти пред камерите, а зад завесите пропаднати проекти, милиони за кои нема отчет и документација што сега ја прибира Европската Унија.

Како што рековме, Али Ахмети мораше да замине во опозиција за целиот талог да исплива на површина. Да исплива и вистината зошто Зајас, неговото родно место, остана без канализација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Изградбата на брзата пруга стартува на крајот на годинава, сè оди по план
Следна Статија Вака се коментира меч на Аргентина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Таравари: Имаме двојна предност пред ВЛЕН

Предноста на Коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) пред конкурентската ВЛЕН/ВРЕДИ е два спрема еден, рече лидерот на крилото од…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината, неспособноста завршува со нив!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од партијата.За да оцениме дали сме задоволни треба…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

Врховниот суд најверојатно ќе дозволи Лиса Кук да остане во Федералниот одбор

Таква одлука би спречила Трамп да врши поголемо влијание врз моќната централна банка додека тече судската постапка.

January 23, 2026
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

– Ништо не е тешко доколку се влезе со чиста мисла и добра намера. За сè треба време, но со…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?