Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Историски успех за Македонија: Андреас Трајковски е осми во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Историски успех за Македонија: Андреас Трајковски е осми во Европа
СПОРТ

Историски успех за Македонија: Андреас Трајковски е осми во Европа

Објавено March 8, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Андреас Трајковски го освои осмото место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала, што се одржува во Апелдорн, Холандија. Со ова, тој испиша историја, станувајќи првиот од Македонија кој се пласирал во финале на едно вакво големо натпреварување.

Во квалификациите, Трајковски блесна со скок од 7,85 метри, што му обезбеди место меѓу најдобрите. Во финалето, неговиот најдобар обид беше 7,65 метри, што на крајот му донесе осма позиција во силната конкуренција.

Тој отвори со 7,59 метри во првата серија, потоа направи престап во втората, а во третата серија постигна 7,65 метри. Во четвртата серија неговиот скок беше за два сантиметри покус од претходниот, додека во последните две серии направи престап.

И покрај тоа што не успеа да се доближи до својот резултат од квалификациите, самиот влез во финалето претставува огромен успех за македонската атлетика.

Изненадувачки, златниот медал го освои Божидар Сарабојуков со скок од 8,13 метри во последната серија, за еден сантиметар подобар резултат од Италијанецот Фурлани и Шпанецот Лескај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!
Следна Статија Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

Македонската ракометна репрезентација денеска имаше собир и ги почнува подготовките во пресрет на двомечот со Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров во…

October 27, 2025
СПОРТ

РК Вардар на домашен терен ја загуби титулата

Еурофарм Пелистер е нов шампион откако вечева нагости го победи Вардар со 32-20 Натпреварот беше изедначен, ниту една екипа немаше…

June 7, 2025
СПОРТ

Се повеќе кандидати за нокаутирање на Винисиус

Ќе го нокаутирам Винисиус за 10 секунди. Ова би можело да биде најгледаната борба во историјата, изјави Пабло Мафео, одбранбениот…

January 5, 2025
СПОРТ

Управата на Вардар се откажа од петмина фудбалери

Управата на фудбалскиот клуб Вардар објави кои играчи заминуваат од клубот. Тоа Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?