Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност
БАЛКАН

Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност

Објавено March 8, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Американскиот државен секретар Марко Рубио утринава изјави дека „дејствата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина (БиХ) и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“.

Тој ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на „тоа опасно и дестабилизирачко однесување“.

„Нашата влада ги повикува политичките лидери во Босна и Херцеговина да се вклучат во конструктивен и одговорен дијалог.

Ги повикуваме нашите партнери во регионот да ни се придружат во спротивставувањето на ова опасно и дестабилизирачко однесување“, напиша Рубио на платформата Икс.

Рубио реагираше на последните изјави на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој на 5 март потпиша декрети со кои се прогласуваат за неуставни закони усвоени од Националното собрание на РС, со кои се забрануваат активностите на Судот и Обвинителството на БиХ, Агенцијата за истрага и заштита – СИПА и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ.

На 7 март, Уставниот суд на Босна и Херцеговина донесе времена мерка и го запре спроведувањето на овие закони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Историски успех за Македонија: Андреас Трајковски е осми во Европа
Следна Статија (Видео) Нестварна партија на Јокиќ – Ваков меч никогаш никој не одиграл во НБА лигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело

Хрватска влегува во една од најобемните промени во својата законска рамка во градежништвото и просторното планирање во последната деценија. Се…

September 11, 2025
БАЛКАН

Рама за БИРН: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење кршење на демократските стандарди

Албанскиот премиер Еди Рама апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по налог на СПАК, го смета за кршење на…

February 11, 2025
БАЛКАН

Секоја година на Косово по пет отсто повеќе случаи на заболени со рак

Директорот на Клиниката за онкологија при Универзитетскиот клинички болнички центар на Косово, Илир Куртиши, изјави дека бројот на нови случаи…

July 22, 2025
БАЛКАН

Дали под почитување на меѓународното право Кос мисли на пресудите во Стразбур против Бугарија?

Комесарката за проширување Марта Кос за време на вчерашната посета на Скопје одговараше на прашање како да ја зголемиме доверата…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?