Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника
ХРОНИКА

Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника

Објавено March 8, 2026 09:40
Сподели
Сподели

Денеска во 13:35 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи беше примена пријава за повредено женско лице, државјанка на Италија, на Шар Планина во близина на Доброшките Езера.

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш стапи во контакт со надлежните институции и беше покрената спасувачка акција. Поради комплексноста и непристапноста на теренот, за интервенцијата беше ангажиран хеликоптер од Министерството за внатрешни работи, заедно со спасувачки тим од специјалните единици.

Во 16:00 часот спасувачкиот тим пристигна на локацијата, по што повреденото лице беше успешно извлечено и транспортирано до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му беше укажана медицинска помош поради скршеница на ногата.

Во текот на целата спасувачка акција, дежурните оператори во Центарот за управување со кризи беа во постојана комуникација со лицата на местото на настанот и во координација со ангажираните спасувачки служби, со цел навремена и успешна реализација на интервенцијата.

Центарот за управување со кризи изразува благодарност до Министерството за внатрешни работи и другите служби кои учествуваа во успешното спасување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство
Следна Статија Prozkoumání funkcí odemčených po přihlášení na Mostbet

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е обвинителен…

August 20, 2025
ХРОНИКА

Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани

СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот К.А. и 20-годишниот М.М., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за…

January 6, 2025
ХРОНИКА

Паднаа скопски дилери

Полицијата со полни раце работа. Во текот на вчерашниот ден и рано утринава „паднаа“ скопски дилери. Денеска (24.11.2024) во 01.00…

November 24, 2024
ХРОНИКА

Кривична за директор и социјален работник: Не постапиле по пријава за силување на дете доделено во згрижувачко семејство

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?