Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство
ХРОНИКА

Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство

Објавено March 7, 2026 20:30
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди мерка притвор на сопругот осомничен за физичко малтретирање и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана Јовановски.

Одлуката ја донел судија на претходна постапка, кој ги прифатил аргументите на обвинителството дека постојат законски основи за изрекување на најстрогата мерка за обезбедување присуство.

Според информациите од Судот, притворот е определен во времетраење од осум дена, што е законски рок со оглед на тоа дека против осомничениот се води скратена постапка за наведените кривични дела.

Судот ја донел оваа одлука поради постоење на реална опасност од бегство, како и поради основан страв дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело.

Со изрекувањето на мерката притвор се обезбедува присуството на осомничениот додека Јавното обвинителство продолжува со собирање на докази со цел целосно расветлување на овој трагичен случај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството
Следна Статија Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

40-годишник ја грабнал и со тупаници ја удирал матурантка која се враќала од прослава

Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело –…

May 24, 2026
ХРОНИКА

Бебе старо осум дена починало на Детската клиника

Новороденче старо само осум дена, починало на Детската клиника во Скопје. Оваа информација ја пренесе 24инфо. Контактиран бил и директорот…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Лажна пријава за бомба во „Кромберт и Шуберт“ во ТИРЗ-Скопје

Утринава дојава за бомба во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона ги вознемири вработените. Сите го напуштија…

October 29, 2024
ХРОНИКА

Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари – измама во Пробиштип

На 21.02.2025 во 13.00 часот во ОВР Пробиштип, 56 – годишна жена од Пробиштип пријавил дека бил измамена од едно…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?