Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника
ХРОНИКА

Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника

Објавено March 8, 2026 09:40
Сподели
Сподели

Денеска во 13:35 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи беше примена пријава за повредено женско лице, државјанка на Италија, на Шар Планина во близина на Доброшките Езера.

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш стапи во контакт со надлежните институции и беше покрената спасувачка акција. Поради комплексноста и непристапноста на теренот, за интервенцијата беше ангажиран хеликоптер од Министерството за внатрешни работи, заедно со спасувачки тим од специјалните единици.

Во 16:00 часот спасувачкиот тим пристигна на локацијата, по што повреденото лице беше успешно извлечено и транспортирано до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му беше укажана медицинска помош поради скршеница на ногата.

Во текот на целата спасувачка акција, дежурните оператори во Центарот за управување со кризи беа во постојана комуникација со лицата на местото на настанот и во координација со ангажираните спасувачки служби, со цел навремена и успешна реализација на интервенцијата.

Центарот за управување со кризи изразува благодарност до Министерството за внатрешни работи и другите служби кои учествуваа во успешното спасување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство
Следна Статија Prozkoumání funkcí odemčených po přihlášení na Mostbet

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пијан тетовец ја тепал сопругата

На 31.01.2026 во 14:35 часот во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го приведоа Г.Ј. (51) од Тетово, постапувајќи по…

February 1, 2026
ХРОНИКА

Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредби за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомневање…

April 25, 2026
ХРОНИКА

Пријавите за семејно насилство зголемени за 70 % во однос на ланскиот мај

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5…

June 5, 2026
ХРОНИКА

Уапсен 19-годишен возач поради сообраќајката на патот Тетово-Гостивар во која загина жена

Полицијата го притвори 19-годишниот А.А. поради сообраќајна несреќа на атопатот Тетово - Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?