Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството
ХРОНИКА

ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството

Објавено March 7, 2026 20:29
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против Стојанче Јовановски, за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128, став 4, Телесна повреда од член 130, став 2, во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144, став 3, во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Неговата сопруга, 31-годишната Ивана, на 2 март околу 14 часот си го одзеде животот, скокајќи заедно со своето 6-годишно дете од тераса на висококатница во скопски Карпош.

„Од кривичната пријава, како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година до 2 март, кога оштетената, сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг, со кого била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и ѝ нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани, сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на нејзиниот сопруг се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, соопшти денеска ОЈО Скопје.

На критичниот момент претходеле неколку настани. Осомничениот прво се заканувал и ја удирал оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да ѝ се заканува дека ќе ја убие, со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и ѝ нанел телесни повреди, хематоми по главата и телото.

Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот, за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка ѝ. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и оттаму го извршила самоубиството.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, на кого врз основа на обезбедените докази до овој момент му се ставаат на товар неколку дела кои се гонат во скратена постапка. Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оцени дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката“, додаваат од ОЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По нападите Кипар бара членство во НАТО
Следна Статија Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лажни дојави за бомби во две средни училишта во Скопје

Утрово две скопски средни училишта добиле пораки на мејл дека во нивните згради била поставена експлозивна направа. Од МВР го…

April 8, 2025
ХРОНИКА

Двегодишно дете затруено со таблета во Куманово

Уште едно дете е затруено во Куманово, потврдија од СВР Куманово. Станува збор за двегодишно дете од липковското село Отља…

September 30, 2025
ХРОНИКА

Koј е кој во клановите Беланоцa/Барон и Дуќанџик/Грчец

Mинистерот Панче Тошковски тргна во разбивање на нарко клановите во Скопје кои сееја страв како меѓу бизнисмените така и кај обичниот човек.…

December 19, 2024
ХРОНИКА

Адвокатот на Кешишев: Да не беше тој немаше да бидат пронајдени телата

Според Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев, Судот не во целост ги зел олеснителните околности, особено фактот дека доколку не…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?