Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И во македонското првенство ќе има ВАР систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > И во македонското првенство ќе има ВАР систем
СПОРТ

И во македонското првенство ќе има ВАР систем

Објавено April 10, 2025 20:57
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), соопштија од Федерацијата.

Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Овој процес се спроведува во тесна координација со ФИФА и УЕФА, во согласност со сите меѓународни стандарди за имплементација и користење на ВАР системот.

–Ние сме убедени дека имплементацијата на ВАР системот ќе придонесе кон поголема транспарентност и квалитет во организирањето на натпреварите. Овој проект е важен чекор за нашата лига и со него не се обезбедува само поддршка на судиите, туку и создаваме услови за подобро функционирање и на клубовите, во насока на подобрување на постоечката инфраструктура на стадионите и барањата за поставување платформи за ТВ камери, согласно потребите за имплементација на ВАР, вели Дејан Јакимовски – проектен лидер за имплементација на ВАР.

Во рамки на процесот, ФФМ проектниот тим одржува редовни работни сесии со ФИФА. Последниот се однесуваше на програмата за асистенција и одобрување на имплементацијата (IAAP) и споделување на најдобрите практики по однос на ВАР имплементации. Темите кои беа опфатени се однесуваа на технолошката инфраструктура и логистиката потребна за системот, обуката и развојот на судиите за работа со ВАР процесот на одобрување (лиценцирање) според глобалните стандарди на ФИФА.

Тоа значи дека веќе од следната натпреварувачка сезона, ВАР ќе биде дел од натпреварите во Првата МФЛ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Збришана е целата доверба на народот кон вакцините
Следна Статија (ВИДЕО) Цариник отвори куфер на жена пред ќерката – па „пропаднаа во земја“ од срам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Оклахома со „брејк“ се враќа од Денвер (ВИДЕО)

Тимот на Денвер Нагетс загуби од Оклахома Сити Тандер со 87-92 во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во…

May 12, 2025
СПОРТ

Платини поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА Инфантино

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, преку своите адвокати во Париз, поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино,…

June 9, 2026
СПОРТ

Што е мелдониум со кој Мудрик е допингуван

Фудбалерот на Челзи, Михаил Мудрик може да биде дисквалификуван поради допинг, дури и ако неговиот примерок Б е негативен, пишува…

February 8, 2025
СПОРТ

Почина тренерот на Ноле со кој освои олимписки медал

Тажната вест го потресе светот на тенисот. Јован Лилиќ, тениски тренер кој работеше за српската репрезентација на Олимписките игри во…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?