Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција
СВЕТ

И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција

Објавено July 4, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Еден од најбараните криминални водачи во Шведска е уапсен во Турција во рамки на операција против трговија со дрога, соопшти шведската полиција.

Иако полицијата не го открива идентитетот на уапсениот, турската државна телевизија ТРТ јавува дека станува збор за 35-годишниот Исмаил Абдо, кој има двојно државјанство – шведско и турско.

Абдо се поврзува со најмалку 12 убиства во Шведска од 2023 година, вклучително и убиството на неговата мајка, за која полицијата смета дека е жртва на конфликт меѓу Абдо и поранешен сојузник.

Според ТРТ, Абдо е еден од 19 уапсени во широка акција против организирани криминални групи инволвирани во трговија со дрога и перење пари. Турските власти заплениле имот вреден околу 1,5 милијарди турски лири (околу 38 милиони евра).

Издадени се наредби за апсење за уште 21 лице, од кои четворица сè уште се во бегство, 14 се наоѓаат во странство, а тројца се веќе во притвор по други обвиненија.

Во Шведска апсењето на Абдо се смета за значаен успех на полицијата и на десничарската влада која дојде на власт во 2022 година со ветување дека ќе стави крај на криминалниот бран што ја тресе земјата повеќе од една деценија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР апелира: Не отворајте сомнителни СМС пораки
Следна Статија Света Гора ќе се реновира со пари од грчката влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

Три тони кокаин, кои на пазарот достигнуваат вредност од 90 милиони долари, се запленети во Еквадор, кои, според тамошните власти…

July 5, 2025
СВЕТ

Сѐ е подготвено за инаугурацијата на Трамп, таму ќе биде и премиерот Мицкоски

Главниот град на САД, Вашингтон, е замрзнат поради температурите под нулата, а церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп в понеделник…

January 17, 2025
СВЕТ

Младите Кинези плаќаат за да седат во канцеларија и да глумат дека работат

Сè повеќе невработени млади луѓе во Кина им плаќаат на компании за да можат да седат во канцеларија и да…

August 12, 2025
СВЕТ

Велика Британија почна да одбива украински бегалци: „Можете да се преселите во побезбеден дел од Украина“

Велика Британија започна да одбива се поголем број барања за азил од украински државјани, наведувајќи дека подносителите на барањата можат…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?