Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД
СВЕТ

И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД

Објавено April 10, 2025 14:11
Сподели
Сподели

Европската Унија одлучи да ги паузира своите контрамерки на американските царини на 90 дена за да отвори простор за преговори.

Вчера, само неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да објави дека ќе го одложи воведувањето на тарифите, 26 од 27 земји членки на ЕУ, сите, освен Унгарија, гласаа за воведување контрамерки.

Претходно денеска, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави најавата на Трамп за пауза во примената на реципрочните царини.

„Јасните и предвидливи услови се клучни за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, напиша Фон дер Лејен на социјалната мрежа „Икс“.

Таа додаде дека царините се даноци што само им штетат на фирмите и на потрошувачите. „Затоа постојано се залагав за договор за царини нула за нула меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, посочи таа.

Вчера, Трамп најави целосен прекин на царините, со исклучок на Кина, чии царини ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден од повредените се враќа од Бугарија: Во странство се хоспитализирани 55 лица, во Македонија се лекуваат 10
Следна Статија ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

За влез во САД уште 250 долари такса

Посетителите на Соединетите Американски Држави ќе бидат обврзани да платат такса (visa integrity fee) според одредба од неодамна донесениот „Голем…

July 20, 2025
СВЕТ

Шок во Германија: Фридрих Мерц не доби доволно гласови за да стане канцелар

Иако се очекуваше дека лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, денес ќе биде назначен за канцелар на Германија, се чини дека…

May 6, 2025
СВЕТ

Сè снимено на камера: Брутална тепачка на лет од Загреб до Малме, патниците бегаат во паника

Двајца мажи имале брутална физичка пресметка во авион на „Рајанер“ на лет од Загреб до Малме, Шведска, потврдија повеќе извори,…

July 27, 2025
СВЕТ

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?