Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И за дневница од 2700 денари нема берачи на јаболка, во Преспа се чекаат работници од Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > И за дневница од 2700 денари нема берачи на јаболка, во Преспа се чекаат работници од Албанија
ЕКОНОМИЈА

И за дневница од 2700 денари нема берачи на јаболка, во Преспа се чекаат работници од Албанија

Објавено September 9, 2025 17:48
Сподели
Сподели

Почна бербата на јаболка, а берачи нема. Јаболкопроизводителите од Преспа ги чекаат берачите од Албанија, за кои годинава ќе плаќаат дневници од 2.500 до 2.700 денари, со храна и сместување. Производителите не може сами да го наберат родот, а во државата не може да најдат работници за берба. Нашите не сакаат да работат за овие пари, а земјоделците не може да им платат повеќе од 2.700 денари, поради слабиот род и ниските откупни цени. Родот годинава е за 50 до 60 отсто помал од лани, поради доцните мразеви во април, а квалитетот е малку полош. Овоштарите не се задоволни со откупната цена на индустриското јаболко, која изнесува 9 денари за килограм, бидејќи, како што велат, не ги покрива трошоците, кои се многу повисоки од лани, а производствената цена изнесува од 12 до 13 денари за килограм.

– Во државата тешко се наоѓаат работници за берба на овошје. Доаѓаат некои берачи од Прилеп и од Битола, но во помал број. Дневниците секоја година растат, но луѓето мора да платат, бидејќи не може сами да ги наберат. Поради тоа, последниве неколку години за берба се ангажираат работници однадвор, најмногу од Албанија. Некои газди им плаќаат и по два-три оброка и сместување, зависи како ќе се договорат. Родот годинава е за 50 отсто помал од лани, а квалитетот е малку полош. Има штети од мразот, односно прстени и мрежавост на јаболката, поради тоа голем дел од јаболката ќе одат за индустријата – изјави за весникот ВЕЧЕР Кирче Карапалевски од Националната земјоделска мрежа.

Целиот текст на Вечер.прес

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ поскапуваат горивата
Следна Статија Марта Кос за Србија: Далеку се од членство во ЕУ, стојат реформите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за…

April 27, 2026
БАЛКАН

Полицајци од Македонија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона

Албанската полиција започнува блиска соработка со хомологните структури од соседните земји со цел да се гарантира максимална безбедност за време…

June 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?