Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот се намалува за 1,5 а бензините за 1 денар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот се намалува за 1,5 а бензините за 1 денар
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот се намалува за 1,5 а бензините за 1 денар

Објавено January 27, 2025 13:39
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на
нафтените деривати во просек за 1,86 % во однос на одлуката од 20.01.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот за 3,439%, кај екстра лесното масло се намалуваат за 3,649% и кај мазутот намалување е за 2,054%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8331%.

Од 28.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,631 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит
Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 45,631 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.1.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оваа недела ќе ги има 6-те биолошки лекови за онколошките пациенти, најавија Таравари и Клековски
Следна Статија Мицкоски разговораше со британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ханџиски: Автоматизацијата ја подигнува хигиената на ниво што човечка рака сама не може да го постигне

Воведувањето на роботите не беше импулсивна одлука, ниту маркетиншки потег, туку дел од нашата долгорочна стратегија за модернизација на управувањето…

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен

Личен момент е да кажам дека сум исклучително задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи…

November 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Рекордни профити на авиокомпаниите

Нето профитот на глобалните авиокомпании ќе се зголеми во 2026 година од 39,5 милијарди долари оваа година на рекордни 41…

December 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мерцедес-Бенц се согласи да плати 149,6 милиони долари за прекршување на емисионите стандарди

Мерцедес-Бенз САД и матичната компанија Дајмлер АГ се согласија да платат 149,6 милиони долари за наводно тајно инсталирање уреди во…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?