Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот на Палчо, сè уште е во полициска станица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот на Палчо, сè уште е во полициска станица
ХРОНИКА

Уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот на Палчо, сè уште е во полициска станица

Објавено June 21, 2025 10:12
Сподели
Сподели

Уапсениот Зоран Д., кој е вработен во Народна банка, а вчера беше приведен под сомнение дека го зел и уништил ранецот во кој, според обвинетиот Велибор Манев, бил сокриен пиштолот со кој се извршени бруталните ликвидации на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сè уште се наоѓа во полициска станица, објави Скопје 1.

Неговиот исказ пред надлежните органи сè уште не е обелоденет, а Обвинителството посочува дека повеќе информации за текот на постапката ќе бидат соопштени во текот на денот.

Оваа разврска следи по шокантното сведочење на Велибор Манев во кое го спомена името на сега уапсениот. Претходно, на три рочишта во судскиот процес изјавуваше дека знае кој добил задача да го крие оружјето со кое е извршен двојниот масакр. И покрај овие тврдења, Обвинителството со месеци не нареди спровод на Манев за да направи распит, што отвори сериозни прашања за начинот на водење на истрагата.

Вчера, откако Манев јавно го именуваше Зоран Д. како лице што го презело и наводно уништило ранецот, истиот беше уапсен. Случајот дополнително ја вжешти јавноста, која со месеци бара одговори за тоа како оружјето не е лоцирано, иако обвинетиот упорно тврди дека знае детали.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав ингеренции“, Законот за Судскиот совет е во завршна фаза
Следна Статија Ставрески основа своја фирма за финансиски консалтинг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец уапсен поради закани кон лекар во приватна клиника

Полицијата приведе 45-годишен жител на Скопје поради упатени закани кон лекар во приватна болница на подрачјето на Карпош. Како што…

March 22, 2025
ХРОНИКА

Осомничениот за палењето на бугарските дипломатски возила го признал делото во полициска станица

Четириесет и четиригодишниот И.Д.С. од Скопје, осомничен за палењето на двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во земјава, го…

June 17, 2026
ХРОНИКА

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу…

December 2, 2025
ХРОНИКА

Возач загина откако излета од патот Битола – Демир Хисар

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за с.Драгарино, битолско,…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?