Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ставрески основа своја фирма за финансиски консалтинг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ставрески основа своја фирма за финансиски консалтинг
Blog

Ставрески основа своја фирма за финансиски консалтинг

Објавено June 21, 2025 10:18
Сподели
Сподели

Некогашниот вицепремиер за економски прашања и министер за финансии Зоран Ставрески отвори фирма – финансиско консултативно биро, пренесе Фактор.

Ставрески од изминатите денови е сопственик на „Закс Консалтинг Дооел“ во центарот на Скопје, додека истовремено е еден од 17-мината официјални надворешни советници на премиерот Христијан Мицкоски, во неговиот случај за финансии и банкарство.

Ваквиот потег на поранешниот вицепремиер во владата на Никола Груевски следува откако до крајот на мај беше во потесниот неформален „список“ на кандидати за гувернер на Народна банка. Откако универзитетскиот професор Трајко Славевски беше официјално предложен за челната функција, стана јасно дека Ставрески нема да ја предводи централната банка.

И Драган Тевдовски, првиот министер за финансии во владата на поранешниот премиер Зоран Заев, како бизнис консултант ќе се обиде своето знаење и искуство да го пренесе деловнички на клиенти откако пред неколку месеци ја основа фирмата „Даталитикс ОРГ“.

Тој е втор поранешен министер за финансии од претходната власт кој по политиката ќе се испроба и во бизнис секторот како консултант, откако лани есеноска Фатмир Бесими како главен извршен директор ја основаше „Srategers“, компанија за бизнис консалтинг и услуги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот на Палчо, сè уште е во полициска станица
Следна Статија Возел 190 на место каде е дозволено 80км/час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
Blog

Половните автомобили поскапуваат, додека електричните автомобили ја губат вредноста

Најновите податоци на голем број европски извештаи покажуваат дека во Европа и во регионов повторно има раст во продажба на…

May 23, 2025
Blog

Paramount Skydance го води патот кон превземање на Warner Bros. Discovery

Медиумски извршни директори сметаат дека Paramount Skydance има најдобри изгледи за аквизиција на Warner Bros. Discovery

November 24, 2025
Blog

Берзите во пораст: Американските царини во втор план, најсилната компанија урива рекорди

На европските берзи, цените на акциите пораснаа четврти ден по ред, бидејќи Вашингтон и Брисел сигнализираат дека наскоро може да…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?