Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И нискобуџетните летови не се веќе евтини: Значително поскапување на летовите од Германија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > И нискобуџетните летови не се веќе евтини: Значително поскапување на летовите од Германија
Blog

И нискобуџетните летови не се веќе евтини: Значително поскапување на летовите од Германија

Објавено July 8, 2025 17:08
Сподели
Сподели

Патувањата од аеродромите во Германија станаа значително поскапи во услови на континуирано слаба понуда на летови и високи даноци и такси, а нискобуџетните превозници, исто така, го следат овој тренд, покажа истражувањето на Германскиот центар за воздухопловство и вселенски патувања –ДЛР (DLR).

Авионските билети во еден правец без багаж чинат во просек помеѓу 67 и 130 евра, пресмета ДЛР во анализата во која беа вклучени четири водечки нискобуџетни превозници во Германија.

Пред една година, ваквите билети чинеа помеѓу 66 и 110 евра.

Цените на нискобуџетните авионски билети исто така растат, а Рајанер повеќе не е најевтин, со просечна цена на билет од 80 евра, во споредба со минатогодишните 66 евра.

Најскап билетот во Еуровингс, подружницата на Лутфханза, каде просечната цена на билет во еден правец чини од 130 евра, што е за 20 евра повисока од минатата година.

ДЛР, исто така, анализираше бројни европски авио линии од 11 март и цени за четири периоди на резервација, од еден ден до три месеци пред летот.

Најскапите во тој период беа билетите за патување во последен момент, со цени кои се движеа од 119 евра (Визер) до 169 евра (Еуровингс). Билетите резервирани три месеци пред летот беа малку поевтини во просек и чинеа помеѓу 46 евра (Рајанер) и 90 евра (Еуровингс).

Најскапиот билет во еден правец за лет на Еуровингс од Дизелдорф до Стокхолм, резервиран една недела претходно, имал цена од 499,99 евра.

Истовремено, Германија заостанува зад остатокот од Европа во закрепнувањето од пандемиската криза, бидејќи сообраќајот сè уште не го достигнал нивото од предпандемиската 2019 година. Капацитетите изразени преку бројот на седишта сè уште заостануваат за девет проценти во споредба со 2019 година, додека во другите европски земји тие веќе го надминале нивото пред пандемијата за 10 проценти, откри Германската воздухопловна асоцијација БДЛ (BDL).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ставен под контрола пожарот во парк шумата Гази Баба
Следна Статија Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Скорпија – петок, 7 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Скорпиите денес ќе бидат под огромно влијание на енергии кои ги поттикнуваат кон фокусирање на…

February 7, 2025
Blog

Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok

Како еден од потенцијалните купувачи на TikTok се споменува и милијардерот Илон Маск. Американскиот милијардер Илон Маск за германскиот неделен…

February 9, 2025
Blog

Банкар на удар на јавноста поради плата од 15 милиони евра:Ако можат спортистите,зошто не и јас

Серџо Ермоти, шеф на најголемата швајцарска банка UBS, не планира да се пензионира иако наскоро ќе наполни 65 години. По…

January 4, 2025
Blog

Норис осигури пол-позиција на Гран При на Лас Вегас

Ландо Норис го освои првото стартно место за Гран При на Лас Вегас, возачот на Макларен и водач во Шампионатот…

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?