Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, денеска соопшти дека неговата компанија ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта за автобусите. Давајќи изјава за ТВ 21, тој одговори на шпекулациите во јавноста дека е можен прекин на градскиот превоз, откако од Градот Скопје вчера реагираа дека фирмата „Пуцко петрол“ и нејзиниот сопственик ја прекинале испораката на нафта и покрај активниот договор со ЈСП „Скопје“.
„Нема да има прекин на градскиот превоз. ‘Пуцко петрол‘ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво и покрај долгот од над 10 милиони евра што го има кон нас“,рече тој.
Според него, Градот Скопје не управува правилно со претпријатието ЈСП, за кое додаде дека е заглавено во долгови.
Сепак, повтори дека нема да го прекинат снабдувањето со гориво, за да не страдаат граѓаните.