Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река
МАКЕДОНИЈА

Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река

Објавено April 10, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на социјалната мрежа ФБ дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река. Со надзорот утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нус производи (член 18 од Законот за нус производи од животинско потекло – Сл. весник на РСМ бр. 08-3248/1 од 14 јуни 2023
година).

За сторен прекршок – нештетно отстранување и употреба на Категорија 3 материјал – нуспроизводи од животинско потекло и производи добиени од нив, согласно категоризацијата на нус производите од животинско потекло (член 11 и 14 од Законот), операторот е казнет со парична казна од 2 илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност. Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест).

Крвта како нус производ од колењето животни ( нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ бара да се повлече одлуката за назначувањето на Богојески
Следна Статија Сите основни училишта ќе добијат примерок од македонскиот Правопис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложија кандидатурите пред собраниската комисија

Во продолжението на 26-тата седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата се расправаше за кандидатурите на кандидатите…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски до Адвокатската комора: Местото за соочување на доказите поврзани со дискотеката „Пулс“ е судницата, а не медиумите

OJO  реагираше на јавните настапи на дел од адвокатите кои го коментирале обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, оценувајќи…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фетаи го тужи за клевета членот на ДУИ, Ќамил Ковачи

Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Децата се враќаат во ученичките клупи: Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Учебната година ќе…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?