Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како се избира градоначалник во прв круг?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Како се избира градоначалник во прв круг?
МАКЕДОНИЈА

Како се избира градоначалник во прв круг?

Објавено October 19, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го освојат градоначалничкиот мандат уште во првиот круг од гласањето.

Како се победува во првиот круг?

Изборниот систем е мнозински, но предвиден е и цензус.

Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови (50 отсто плус 1) од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО: Не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело
Следна Статија Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко во интервју за Радио…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали апостол Павле ги напишал посланијата до Тимотеј и Тит?

Кога се во прашање Пасторалните посланија на апостол Павле, а тоа се Првото и Второто Послание до Тимотеј и Посланието…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Стефковски: Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата

Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци,…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија воздржана во ОН за Палестина

Македонија беше меѓу 12-те земји што се воздржаа на гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации, кое вечерта на 12…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?