Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Православните верници го слават Богојавление-Водици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Православните верници го слават Богојавление-Водици
МАКЕДОНИЈА

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Објавено January 19, 2026 10:15
Сподели
Сподели

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Како што изјави за МИА отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје годинава се пријавени околу 160 граѓани, кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар.

Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 до 16 јануари зад соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Митрополијата.

– Оние што се во ред со здравјето може да учествуваат на манифестацијата „Водици“. Има голем интерес и досега се пријавени околу 160 граѓани. Малолетници можат да учествуваат со дозвола од родител и со потврда од спортска медицина и ќе треба да присуствуваат со родител. Потребни се лична карта и потврда од спортска медицина, заверка на картоните на самиот ден – 19 јануари. Во 7:30 часот, секој што е запишан и има добиено картонче за учесник да дојде зад храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде ќе се стави печат на картоните и само така ќе бидат пропуштени од МВР покрај реката Вардар за да учествуваат во манифестацијата, рече отец Благоја. Посочи дека дел од учесниците постат и сакаат да се причестат пред спуштањето на светиот крст. Оној што прв ќе стигне до крст ќе биде соодветно награден од МПЦ.

Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе богослужи поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан.

По завршување на литургијата, богојавленските литии заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“, каде ќе почне „Водосветот“, а потоа околу 12 часот поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан ќе го спушти светиот и животворен крст во водите на Вардар.

Во Охрид централната богослужба ќе се одржува во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. Богослужби ќе има и во црквите „Св. Никола- Геракомија“ од каде и потекнува и оваа традиција, „Св. Никола“ во Долна Влашка Мала и „Св. Ѓорѓија“ во Горна Влашка Мала. Во 9:45 часот литиите од сите цркви ќе тргнат кон Градското пристаниште каде што во 10 часот ќе се одржи голем Богојавленски водосвет и ќе се положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Оваа година првпат водите на Охридското Езеро ќе ги освети и во нив Чесниот крст ќе го положи новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј. Најавено е присуство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството да постапи по изјавите на хирургот Митрев, мафијашки упади се случуваа, вели премиерот
Следна Статија Wyze Scale Ultra BodyScan преглед: Натпреварувачки карактеристики по достапна цена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЕМАНТ: Адреналинскиот парк е изграден по највисоки европски стандарди, секоја година поминува ригорозна инспекција од производителот од Словенија

Компанијата која стопанисува со Адреналинскиот парк во Скопје, Адвентуре сиде ДОО Скопје излезе со демант во врска со веста објавена…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот Лимани бил одбиен за американска виза!? „Тоа е поради Али Ахмети, жртвував се заради него“

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, кој доаѓа од редовите на коалицијата „Влен“, вчера требало да присуствува…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Платите во администрацијата се мали, вели Минчев, но бараните 30 отсто се преголема сума

По најавата за протест на 14 јануари на вработените во дел од министерствата, доколку не се прифати барањето да добијат…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eден месец блокада на Кожуф, Владата сега најавува дијалог и заштита на животната средина

Точно еден месец траат блокадите на Кожуф планина. Еко-активистите го блокираат патот кон ски-центарот и не дозволуваат да започнат градежни…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?