Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Калин Ивановски избори полуфинале на Macedonian open 2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Калин Ивановски избори полуфинале на Macedonian open 2026
СПОРТ

Калин Ивановски избори полуфинале на Macedonian open 2026

Објавено July 3, 2026 15:21
Сподели
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian Open 2026 откако го совлада шестиот носител Александре Вајс од Италија со 2-0 во сетови (7:6(5) и 7:6(3). Триумфот македонскиот тенисер го оствари откако во вториот сет успеа да ја надополни негативата од 1:4 во гемови. Мечот траеше 2 часа и 40 минути

Во првиот сет Ивановски стартуваше со предност од 2:0 во гемови откако направи брејк, но Вајс се врати брзо резултатски и изедначи на 2:2. До крајот на сетот секој од тенисерите успеваше да го земе гемот на свој сервис, па така сетот се решаваше во тај брекот. Во првиот девет поени немаше мини-брејк, а десеттиот поен Ивановски го доби на сервис на Вајс и со тоа направи предност, а тај брејкот заврши 7:5 на поени.

И вториот сет стартуваше со брејк на на Ивановски од 1:0 во гемови. Но, следуваше период кога Вајс направи мини серија и поведе со 4:1 во гемови. Но, Ивановски успеа да ги надмине тешките моменти со брејк во седмиот гем и намали на 4:3 и успеа сетот да го врати во рамнотежа, откако изедначи на 4:4. По 6:6 во гемови повторно сетот се решаваше во „13.та игра“ и тука Ивановски почна одлично по 1:1 во поени со два мини-брејка, следуваше серија од пет поени за Ивановски и 6:1. Откако Вајс ги зема двата поена на свој сервис и намали на 6:3, Ивановски првата меч топка ја искористи за да го добие мечот.

Противник во полуфиналето утре ќе му биде Јанаки Милев од Бугарија, кој со 2:0 во сетови (6:4, 6:2) го совлада третиот носител Себастијан Соргер од Австрија.

Во втрото полуфинале ќе играат Владислав Орлов од Украина и Стефан Поповиќ од Србија. Орлов во денешното четвртфинале беше подобар од Петар Јовановиќ од Црна Гора со 2-0 во сетови (6:0, 6:2), додека Поповиќ го совлада Николас Бруна од Чиле со 2-0 (6:4, 7:6(2)).

Во попладневните часови на програмата се мечевите во конкуренција на двојки, а по нивното завршување ќе биде позната и сатницата за полуфиналните мечеви.

Инаку македонската комбинација Обрад Марковски – Горазд Србљак оствари победа во првото коло од турнирот во двојки. Тие со 2-0 во сетови (6:4, 6:1) ги победија Иван Ангелов (Украина) и Андре Мајнерц (Данска), а следни противници попладнево ќе им бидат Амар Хусеиновиќ (Македонија) и Роман Постолка (Чешка).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри
Следна Статија И евроамбасадорот гледа забрзување на реформите, само СДСМ не

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кристијано Роналдо ја купува Валенсија

Светската фудбалска мегаѕвезда Кристијано Роналдо е заинтересиран за купување на еден од најуспешните шпански фудбалски клубови – Валенсија. Веста ја…

February 28, 2025
СПОРТ

ФФМ со уште една доживотна суспензија за фудбалер

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ, информира дека по обезбедувањето на нов доказен видео материјал во дисциплинската постапка против ФК…

October 30, 2025
СПОРТ

(Видео) Рафиња со хет-трик го сруши Баерн

Барселона во дербито на колото го декласира Баерн, а Лил на „Метрополитано“ го шокира Атлетико. Победи забележаа Манчестер сити, Динамо…

October 24, 2024
СПОРТ

Македонските фудбалери продолжуваат со подготовките пред мечот во Вадуц

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и неговиот стручен штаб работи во навистина тешки и вознемирувачки услови поради целата…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?