Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И евроамбасадорот гледа забрзување на реформите, само СДСМ не
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > И евроамбасадорот гледа забрзување на реформите, само СДСМ не
ПОЛИТИКА

И евроамбасадорот гледа забрзување на реформите, само СДСМ не

Објавено July 3, 2026 15:38
Сподели
Сподели

Ервоамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјава во сите 51 реформски чекор, додека во грејс периодов работат заедно со Владата и од 10 ќе бидат исполнети девет и половина од нив. За Изборниот законик, Рокас смета дека законот во основа е добар и бидејќи се надева дека партиите ќе постигнат консензус.

Ние се фокусирани на 10-те чекори коишто беа во грејс периодот и коишто истекуваа на 30-ти јуни. И овие 10 чекори мора да кажам дека навистина внимателно работевме, непосредно со Владата со цел да ги исполниме овие чекори. Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати. Како што знаете, тие ќе бидат доставени во следните 10 дена до Европската комисија на една последна проценка и крајната одлука се носи некаде во септември, но ова е навистина добар успех. Меѓутоа, во исто време ја имавме и таа редовна вежба која што заврши на 30-ти јуни оваа година, и тука започнува тој грејс период од една година. И со тоа имаме добар напредок, но она што е важно е дека во сите 51 чекор има напредок. Јас сум навистина сигурен дека гледам забрзување во реформите, меѓутоа во секој случај треба да ги почекаме последните резултати и проценката на Европската комисија по летниот распуст – рече Рокас, кој денеска беше на промоција на нова воена опрема во касарната Илинден.

За тоа дали 10 реформски чекори ќе бидат исполнети, Рокас вели дека тоа ќе биде проценка и оти работат заедно со Владата „со цел да постигнеме девет, девет и половина“.

Во секој случај убеден сум дека ќе имаме добри резултати, но мора да разберете дека проценката всушност се прави од Европската комисија – рече евроамбасадорот.

За Изборниот законик, рече дека има дискусии со политичките партии кои што се одвиваат во моментов, но оти е потребно да се постигне консензус.

Законот сам по себе е добар закон. ОДИХР и Европската комисија дадоа позитивна проценка и оценка, но она што преостана во моментов се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласувања кога станува збор за овие моделитети, но чувствувам дека има добра волја тоа да се надмине. И Комисијата во Парламентот за Изборниот законик веќе работи, и се надевам дека партиите на толку важна работа, ќе бидат во можност да седнат и да постигнат консензус кога станува збор за ова сензитивно прашање. Меѓутоа, основите на законот и законот сам по себе, се навистина добри – рече евроамбасадорот Рокас.(МИА)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Калин Ивановски избори полуфинале на Macedonian open 2026
Следна Статија Сензорот и Варот и пресудија на Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН прашува: Дали во стандардите на отчетност на ДУИ се „Соравија“ или Лотарија?

За што точно зборува ДУИ кога говори за „нови стандарди на отчетност“?! Кое партиско тело во ДУИ некогаш направило „тест за…

December 5, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, затоа во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници

Ви благодарам за поддршката во првиот круг. Нијанси фалеа за да се заврши работата уште во првиот круг, но ние…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: По Апасиев, Мециновиќ и Мојсоска, дали и Крмов бил сметководител на партијата Левица?

„Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?