Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каматните стапки остануваат исти, Народната банка го задржува внимателниот пристап
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Каматните стапки остануваат исти, Народната банка го задржува внимателниот пристап
ЕКОНОМИЈА

Каматните стапки остануваат исти, Народната банка го задржува внимателниот пристап

Објавено September 17, 2025 11:05
Сподели
Сподели

Каматната стапка на благајнички записи останува на истото ниво од 5,35 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена се задржуваат на нивоата од 3,95 проценти и 4 проценти. Непроменета останува и понудата на благајничките записи на редовната аукција односно ќе изнесува 10 милијарди денари. Ваква одлука донел Извршниот одбор за монетарна политика на Народната банка на вчерашната седница.

Со ваквата одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, во согласност со економските услови и ризиците коишто произлегуваат од домашното и надворешното окружување. Овој пристап на монетарната политика е поддржан и со неодамнешните промени кај задолжителната резерва, затегнувањето на макропрудентните мерки во делот на критериумите на кредитната побарувачка, како и со зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот за дополнителни 0,25 процентни поени. Комбинацијата на овие мерки е насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс, како и кон заштита од можни идни системски ризици, се вели во денешната информација од Народната банка.

Во однос на инфлацијата во август, Народната банка оценува дека таа се уште е над проектираното ниво и дека и понатаму е потребна внимателност.

Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани во надолна насока, што укажува на помали увозни ценовни притисоци во споредба со очекувањата. И покрај тоа, сѐ уште постои неизвесност околу идните движења на светските цени на примарните производи поради геополитичките тензии и климатските промени. Оттука, ризиците за идната динамика на инфлацијата и натаму постојат, а се поврзани и со натамошната неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз побарувачката, велат од Народната банка.

Состојбата на девизниот пазар се оценува како стабилна со нивото на девизните резерви од 4.754,4 милиони евра на крајот на август, а растот на економската активност во вториот квартал од годината изнесувал 3,4 проценти на годишна основа и ваквото остварување е малку повисоко во однос на оценката за вториот квартал во рамки на априлскиот циклус проекции. Светската неизвесност, особено поради трговските и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија.

Остварувањата во монетарниот сектор покажуваат натамошна солидна кредитна поддршка на економијата, што е над очекувањата. Во јули, како што соопшти централната банка, депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст, коишто се повисоки во однос на априлските проекции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски ги пречека фудбалерите на Престон Лајонс од Австралија: Тие се гордост на македонската заедница во Австралија
Следна Статија Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави Мицкоски,…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Два месеци стара фирма добила тендер од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер?

Комисијата за жалби по јавни набавки ги одби сите приговори на трите оператори конкуренти кои учествувале на огласот за технолошко…

July 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создаваат

Третата меѓународна конференција за фриленсерство „Freelance is for Freedom”, во организација на Импакт Фондација, обедини повеќе од 200 фриленсери на…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи, наместо ограничување на маржи – одлука во понеделник

Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи, наместо ограничување на маржи, a одлука ќе има во понеделник. Наместо ограничена маржа на…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?