Доцна вечерта на 30 јануари, небото над Велингтон кратко „се расцепи“ со синкаво-зелен светлосен траг што во секунди го осветли хоризонтот и остави јасна трага видлива и на снимки од повеќе точки. Видеото што најмногу се споделува е од веб-камера на PredictWind кај јахтинг-клубот во Петоне, каде феноменот се гледа и како одраз на водата.
Иако првичните шпекулации одеа во две насоки — метеор или вселенски отпад — локалните индиции повеќе наклонуваат кон „фајербол“ метеор. Radio New Zealand објави дека настанот бил забележан околу 23:25, а Canterbury Astronomical Society соопшти дека нивната мрежа на „all-sky“ метеор-камери го фатила како долготрајно и многу светло огнено топче, со чадна трага што останала видлива повеќе минути. Истата вечер, и Fireballs Aotearoa пријавила зголемена активност со најмалку две силни појави.
Во вакви случаи, зелената нијанса најчесто е комбинација од составот на телото и начинот на кој атмосферата „го готви“ материјалот при екстремно брзо влегување — драматично за око, но во најголем број случаи без ризик на тлото.
Се претпоставува дека може да станува збор за метеор или парче вселенски отпад што влегол во атмосферата, но сè уште нема официјална потврда, пренесува хрватски „Индекс“.
Се претпоставува дека може да станува збор за метеор или парче вселенски отпад што влегол во атмосферата, но сè уште нема официјална потврда, пренесува хрватски „Индекс“.