Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана
ХРОНИКА

Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана

Објавено April 8, 2026 17:33
Сподели
Сподели

Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува како обвинетиот Стојанче Јовановски и удрил 3 шлаканици на сопругата Ивана само три часа пред самоубиството, односно околу 11 часот утрото на 2 март 2026 година. Насилството се случило на јавен простор, односно пред влезот на гимназијата „Нова“ во Карпош.

На снимката која беше пуштена во судница како доказ се гледа дека откако сведокот Мартин Саздов си заминал со возилото БМВ по средбата со Ивана кај гимназијата „Нова“, по него спротивната страна доаѓа Стојанче Јовановски пешки. Во 11 часот и 7 минути се забележува како Ивана влегува во кадарот на камерата од „Сејф Сити“, односно во моментот кога со Стојанче се среќаваат на влезот на училиштето и застануваат на тротоарот.

Обвинетиот Јовановски на снимката вознемирен вика, гестикулира со рацете и ја удира Ивана силно со десната рака во лицето. Ивана се повлекува назад на видеото и ѝ се затресува главата од силниот удар. Продолжуваат да се расправаат и да стојат на тротоарот, а Ивана се држи за лицето и седнува на оградата. Во 11 часот и 9 минути Ивана станува, се држи со левата рака за лицето каде беше удрена, продолжуваат да се расправаат со Стојанче по што се гледа возило БМВ-то на Мартин Саздов како се враќа на местото. Тој излегува од возилото, сите заедно зборуваат.

Во 11 часот и 12 минути на видеото, Стојанче повторно ја удира Ивана со шлаканица во десната страна од лицето по што таа се повлекува и главата ѝ се поместува. Во тој момент Мартин Саздов застанува меѓу нив двајцата и го отргнува на страна Стојанче. Го фаќа за рацете за да престане да ја удира Ивана но, Стојанче е видно вознемирен и нешто зборува по што повторно ја удира Ивана со десната рака со шлаканица во лицето, како што можеше да се види од снимките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на гасот во Европа паднаа за речиси 20% по прекинот на огнот меѓу САД и Иран
Следна Статија Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница

По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар…

January 15, 2025
ХРОНИКА

Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ,…

January 16, 2026
ХРОНИКА

Кривична пријава против Прпарим, Груби, Ковачевски и уште пет лица

На 13.12.2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Женско тело извадено од Вардар

Тело на женско лице денеска околу 11 часот било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?