Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кандидат за ректор на државен универзитет во средно поминувал со двојки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кандидат за ректор на државен универзитет во средно поминувал со двојки
МАКЕДОНИЈА

Кандидат за ректор на државен универзитет во средно поминувал со двојки

Објавено March 10, 2025 20:16
Сподели
Сподели

Беким Фетаји е редовен професор на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“, а Блерим Саити е редовен професор на Факултетот за социјални науки на истиот универзитет.

Contents
Кои се кандидатитеИзборот е в среда, а гласањето е тајно

Изборот ќе се одржи во среда, со тајно гласање од страна на членовите на Наставно-научниот совет на УМТ.

ТВ „Клан“, повикувајќи се информација од социјалните мрежи, вчера објави фотографија од свидетелството за завршена втора година средно образование на кандидатот за рекот на УМТ, Блерим Саити. Станува збор за учебната 1991/1992 година во Средното општинско училиште „Здравко Чочковски“ во Дебар.

Впечатливо е тоа што од 13 предмети Саити има само една „четворка“ и тоа по предметот Ликовно образование, а по другите предмети оценките му се „двојки“.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УМТ) избира нов ректор, третпат во историјата на овој државен универзитет. Двајца од тројцата пријавени кандидати влегоа во трката за нов ректор за периодот од 2025 до 2028 година – проф. д-р Беким Фетаји и проф. д-р Блерим Саити.

„360 степени“ ги контактираше двајцата кандидати за ректор. И двајцата одбија да дадат изјава во врска со изборот, како и за образованието на Саити.

Проф. д-р Блерим Саити најави дека откако ќе заврши изборот ќе одржи прес-конференцијата на која ќе одговори на прашањата поврзани со објавите што изминатите денови кружат на социјалните мрежи и во дел од медиумите, а се поврзани со неговото образование.

проф. д-р Блерим Саити, еден од кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

„Не сакам да влијаам на изборниот процес. Ќе свикам прес-конференција откако ќе заврши изборот“,рече тој.

Посочи дека изборот за ректор е постапка што се врши според Законот за високо образование, како и според Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

И неговиот противкандидат, проф. д-р Беким Фетаји, рече дека не сака да коментира ништо во врска со изборот на нов ректор, а најмалку за другиот кандидат.

Проф. д-р Беким Фетаји, кандидат за нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Вели дека денеска на состанок во Ректоратот дискутирале и заклучиле оти кандидатите за ректор не треба да даваат изјави пред изборот.

„За изјави ќе можете да нè контактирате дури во четврток“,вели Фетаји.

Изет Зеќири, актуелниот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“, во изјава за „360 степени“, кусо одговори дека не е соодветно тој да го коментира изборот на нов ректор ниту, пак, некој од кандидатите.

Кои се кандидатите

Според она што може да се прочита на нивните профили на социјалната мрежа „Линкдин“, Беким Фетаји е информатички инженер. Средното образование го завршил во Гостивар, како ученик на генерацијата. Дипломирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерски студии завршил на Универзитетот „Брукс“ во Оксфорд, Обединето Кралство. Тој е и доктор по технолошки науки, со студии завршени во Грац, Австрија.

Решение за листата на кандидати за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје / Фото: веб-страница на Универзитетот

Блерим Саити, пак, е професор по физичко образование. Според неговата биографија, дипломските и магистерските студии ги завршил на Институтот за физичка култура на Универзитетот во Тирана, а во 2013 година докторирал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Во декември минатата година Сенатот на УМТ го избрал Саити за проректор за меѓународни односи.

Изборот е в среда, а гласањето е тајно

Изборот за нов ректор, трет по ред на Универзитетот, ќе се одржи в среда, на 12 март 2025 година, со тајно гласање од страна на членовите на Наставно-научниот совет на УМТ.

Според решението за утврдување листа на кандидати за избор на ректор на Универзитетот, кое е објавено на веб-страницата на Универзитетот, пријавени се тројца кандидати, но само овие двајца професори ги исполниле условите од конкурсот.

„Универзитетската изборна комисија констатира дека од тројца пријавени кандидати кои пријавите ги доставиле во рокот наведен во конкурсот, само двајца кандидати за ректор ги имаат доставено документите во рок и тие се комплетни и ги исполнуваат условите од јавниот конкурс за избор на ректор“,

се вели во решението за утврдување листа со кандидати за избор на ректор за мандатен период 2025-2028 година.

Одбиена е кандидатурата на проф. д-р Флорија Мифтари, редовен професор на Факултетот за економски науки на Универзитетот ФОН во Скопје, поради недоставување соодветна документација, како и затоа што пријавата во електронска форма не е доставена во предвидениот рок, што е еден од условите на конкурсот.

На 24 февруари годинава официјално започна промоцијата на кандидатите за ректор. Фетаји и Саити имаа можност да ги претстават своите програми за работа и визии за понатамошен развој на Универзитетот пред предавачите на факултетите.

Програмите на двајцата кандидати за функцијата ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје / Фото: Веб-страница на Универзитетот

Во програмите кандидатите ги презентираат приоритетите во клучните области, како што се академскиот развој и квалитетот на наставата, проширување на меѓународната соработка, поддршка на студентите и зголемување на можностите за нивно професионално ангажирање, унапредување на инфраструктурата и дигитализација на универзитетските услуги, како и подобрување на условите за научни истражувања и иновации.

Според огласот за избор на ректорот на УМТ, кандидатот треба да биде државјанин на Република Северна Македонија, како и да е од редот на редовните професори.

Покрај уверение за државјанство, биографија и библиографија, кандидатите треба да достават и одлука за избор во звањето редовен професор и три кредибилни препораки. Кандидатите треба да достават и изјава дека не се вршители на друга јавна функција, како и дека немаат функција во политичка партија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски во Чешка: Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија, како и Охрид – Карлови Вари
Следна Статија Илон Маск: X е погоден од „масoвен сајбер напад“!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните

Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почина македонскиот писател и преведувач Михаил Ренџов

На 88-годишна возраст, денеска почина македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов, објави неговиот син, музичарот Петар Ренџов. Ренџов е…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Најчевска: Јахоски излезе од притвор, обвинителите да си дадат оставка

Професорката Мирјана Најчевска реагира на укинувањето на притворот за газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски и негово заменување за за…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола

Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од…

June 16, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?