Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта
МАКЕДОНИЈА

Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта

Објавено April 4, 2025 15:07
Сподели
Сподели

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Алексдандар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија, беше истанато на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство.

-Со огромно жалење сакам да известам дека рано утрово еден од 116-те пациенти што беа испратени надвор од државата, Александар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија, за жал, починал, рече Таравари на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство, изразувајќи воедно сочувство до семејството на Александар Карадаковски.

Тој посочи дека пацеиентот кој што почина беше на 29-годишна возраст, испратен е на лекување на 17 март, вториот ден по трагедијата во Кочани, а првично бил хоспитализиран во Градската болница во Скопје.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св Наум Охридски“ Небојша Настов информира подетално за процесот на лекување на Карадаковски и за степенот на повредите на кои што им подлегнал.

-Пациентот е примен во нашата установа околу 6 часот изутрината, после настанот во Кочани. Во текот на денот доаѓа до влошување на неговата состојба. Во попладневните часови има потеба од интубација, односно обезбедување на механичка вентилација и поставен е на апарати за вештачко дишење. Генерално се продолжува со негово интензивно лекување и обработка на изгорениците, кои мора да напоменам воопшто не беа мали. Вкупната површина на изгореници е околу 36 проценти, претежно во пределот на главата, вратот и горните екстремитети од втор и трет степен. И заради чадот кој го вдишал доаѓа до оштетување на внатрешните дишни органи што е потврдено и од колегите од Литванија во разговор со нашите анестезиолози при брифирање за состојбата на паицнетот, што редовно се одвуваше на секој ден или два. Утврдено е со броинхоспско испитување дека е оштететно голем дел од бронхоскопското стебло и како последица на тоа доаѓа до влошување на состојбата што резултирала со подлегнување на повредите, рече директорот Настов.

Тој воедно потенцира дека 24 часа од приемот во болницата, Карадаковски бил префрлен на лекување во Литванија со медицински санитетски авион. Како директна причина за смрта го наведе директоното оштетување на дишните патишта од чадот кој што е вдишан.

Таравари нагласи дека Карадаковски всушност бил најтешкиот пациент од оние кои се лекуваа во странство.

-На 1 април му откажале бубрезите, беше ставен на дијализа, имаше температура. Практично рани на приближно 36 отсто на телото, од втор и трет степен што остава простор за појава на инфекции, плус изгореници на дишните патишта од 90 проценти што не обезбедуваат содветна размена на гасови, рече Таравари.

За транспортиот на телото на починатиот се е организирано, а обдукацијата ќе биде направена во Скопје.

Таравари на прес-конференцијата информира дека остануваат само 78 пацинети од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани кои се на лекување. Од нив моментално во државата се лекуваат 14 пациенти, од кои пет ќе бидат испишани, тие се стабилни, во добра состоија и ќе се лекуваат дома, а девет остануваат во болниците во Скопје.

Денеска се очекува да се вратат шест нови пациенти кои се во стабилна состојба – по двајца од Бугарија, Унгарија и од Шпанија. Според протоколките, тие 24 часа ќе престојуваат во нашите болници од каде биле испратени и потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување.

-Практично надвор од државата остануваат само 69 пациенти од кои три, за жал, се во критична и нестабилна состојба. Добро е што од впуно 193 веќе 118 се лекуваат во домашни услови и се добри и сите се во добра состојба. Надвор од државата генерално повеќето се во стабилна и добра состојба, се најавуваат повеќе пацинети кои ќе се врата во наредните 3-4 дена, информира Таравари.

На новинарско прашање, министерот кажа дека од 69 пациенти кои се надвор на лекување, 20 пациенти се интубирани.

Извори од МНР денеска информираа дека е започната процедурата за враќање на телото на Карадаковски.

Тој е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цијанид во водата во Крива Паланка нема, утврди Државниот инспекторат за животна средина
Следна Статија „Поршето“ било на Керим: Нема потреба од никакви коментари, постапено е по закон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија денеска, по подолг…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Крушево: Нашата држава секогаш ќе го негува споменот на Тоше

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути

На граничниот премин Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?