Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Струмичани в сабота ќе излезат на протест против загадувањето на воздухот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Струмичани в сабота ќе излезат на протест против загадувањето на воздухот
МАКЕДОНИЈА

Струмичани в сабота ќе излезат на протест против загадувањето на воздухот

Објавено January 28, 2025 15:41
Сподели
Сподели

Под мотото „Забрането дишење“, в сабота (1 февруари) низ главните улици во Струмица ќе се одржи протестен марш поради загадувањето на воздухот, информираат од Еколошкото здружение „Здрава котлина“.

Оттаму велат дека протестниот марш во Струмица е израз на граѓанското незадоволство од енормното загадување на воздухот.

„На 1 февруари (сабота) со почеток во 11 часот ќе одржиме протестен марш низ улиците на Струмица како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со воздушното загадување во Струмичката Котлина, со што ја искачи Струмица на 7. место на најзагаден град во Европа“,пишува во поканата за маршот на „Здрава котлина“.

Ги информираат Струмичани дека маршот ќе почне од паркот кај Домот на АРМ, а оттаму ќе продолжи по улиците „24 Октомври“ и „Младинка“ до кружниот тек кај трговскиот центар „Мавровка“. Потоа продолжува по улицата „Гоце Делчев“ до кружниот тек кај Поштата кон булеварот „Гоце Делчев“ до раскрсницата кај „Глобал“. Од булеварот „Ленинова“, покрај Основниот суд, маршот ќе заврши пред зградата на Општина Струмица кај канцелариите на инспекциските служби.

„Таму ќе се обратиме на јавноста за нашите пораки и барања до локалната и централната власт. Ќе ги посочиме нештата што мора да се променат и во името на сите вас ќе искажеме конкретни и прецизни мерки од кои ќе нема отстапување“,велат од еколошкото здружение.

Според „Здрава котлина“, пресудно е да се врши јавен притисок во отсуство на резултати што со години се чекаат.

„Ова е исклучиво граѓански протест и секое јавно истакнато обележје или симбол ќе биде отстранет од страна на редарите“,пишува во соопштението на екологистите.

Оваа иницијатива доаѓа откако изминатите денови е надминат прагот на штетните ПМ 10 честички во Струмица, по што во сила стапија препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Резултатите од истражувањето на лабораторијата при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип велат дека најголемо учество во загадувањето на воздухот во Општина Струмица има согорувањето на биомасата, која на годишно ниво изнесува 35 отсто и која во зимскиот период ги надминува дозволените граници. Втор извор на загадувањето е сообраќајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Немало разговори албанскиот да стане службен јазик во Македонија
Следна Статија Премиерот има 17 советници – четворица од нив се со полно работно време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се потпиша нов Колективен договор, 20 отсто покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, од една страна, и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи…

August 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички поради здравствени проблеми

Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тоше отишол во дискотеката во Кочани да го прослави раѓањето на синот, но не успеа да се спаси од пожарот

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани 45. Марш на ангелите

Во Кочани попладнево ќе се одржи 45-тиот Марш на ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?