Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати
ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати

Објавено July 23, 2025 20:17
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

-Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на претходно. Гледаме како се одразува на сигурноста и безбедноста на граѓаните, како негативно се одразуваат нивните политики на тоа што значи економски напредок, на тоа што значи подобри услови за водење на бизнис во оваа држава. За прв пат една влада во првата година од своето владеење не успеа да обезбеди навреме плати за административците, ова е влада којашто не го враќа данокот на додадена вредност на бизнис секторот. Оваа влада со исклучително и единствено популистичка политика заговара линеарно покачување на пензиите од илјада денари коешто не е во интерес на над 95% од самите пензионери, рече Каранфилова Пановска.

Во немоќ да ги решаваат вистинските проблеми, во немоќ да го направат животот на граѓаните полесен немаат што друго освен од нивната партиска говорница по трипати во денот да ги повторуваат истите дегутантни небулози, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен 71-годишен пироман, предизвикал два пожари во демиркаписко
Следна Статија Зеленски може да ја изгуби западната помош поради притисок врз антикорупциските агенции во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Советникот на Таравари со повик до членството: Народот ни го даде својот глас – да не ги разочараме, да не ја предадеме АА во туѓи прегратки

Членот на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравството, Сабри Азири, се…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата во борбата против корупцијата и институционалната деградација во…

January 22, 2026
ПОЛИТИКА

Поранешни функционери го поткопуваат СДСМ одвнатре, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ вели дека поранешни функционери на партијата „стојат на страна и се надеваат…

January 8, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) „Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски“, вели Кузеска

„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?